Њујорк има 350 илјади милионери

May 19, 2024
1 min read

Големото јаболко, чие богато население порасна за 48% во изминатата деценија, е дом на 349.500 милионери, 744 центимилионери (оние со над 100 милиони долари) и 60 милијардери.

Според извештајот на стручњаците за миграција на богатството од „Хенли & партнери“, Њујорк е град со најголем број милионери на светот.

На второто место се оние од другата страна – Сан Франциско и Силициумската долина. Богатството во тој залив има пораснато со една од најбрзите стапки во светот, зголемувајќи го бројот на богати граѓани за извонредни 82% во изминатата деценија. Сега тоа е дом на 305.700 милионери, 675 центимилионери и 68 милијардери. Њујорк и Заливот се меѓу 11-те американски држави во првите 50, што ги прави САД најголем светски центар на богаташи.

Лондон, кој со години беше познат како најбогатиот град, продолжува да паѓа на ранг-листата и сега го зазема петтото место со само 227.000 милионери, 370 центимилионери и 35 милијардери, што е пад од 10% во последната деценија. Наспроти него, во тој период богаташите во ЛА пораснале за 45% и градот се искачи на шестото место на рангирањето.

Градовите со моментално најголем раст на богатството се во Кина.

Најмногу расте богатото население во Шенжен, со пораст од 140% во последните 10 години. Хангжу забележал огромен пораст од 125 отсто на бројот на своите богати жители, а бројот на милионери во Гуангжу се зголемил за 110 отсто за десет години.

Гледајќи напред, потенцијалниот раст на богатството во следните 10 години треба да се следи во градови како Бенгалор, Индија; Скотсдејл, Аризона и градот Хо Ши Минг во Виетнам. Сите три имале исклучителни стапки на раст од над 100% во изминатите 10 години.

Брзиот напредок во вештачката интелигенција, роботиката и блокчеин технологијата создаде нови прилики за создавање и акумулација на богатство. Но, светот и животот  никогаш нема да бидат без ризици а богатството во еден град може многу брзо да се промени.

Тоа го покажува Москва чија милионерска популација, заради војната во Украина падна за 24%.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КЗТ: Лоши услови во затворите во Македонија

Следно

Хесус Навас ќе потпише доживотен договор со Севиља

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop