„Новости.рс“ дознава дека Вучиќ е подготвен да оди на избори како каднидат за премиер

February 6, 2023
1 min read

Навестувањето за целосна промена на актуелната политичка панорама во земјата, како што пишува „Новости.рс“, се појави за време на сумирањето на неодамнешната седница на српското собрание посветена на Косово, при што Вучиќ рече дека неговата партија е сама во одбраната на државата, а дека со себе единствено ги имала граѓаните

Според неофицијалните информации кои ги објави српски „Блиц“, пак, повикувајќи се на извори од партијата на Вучиќ, вонредните избори во Србија би можеле да се одржат во септември годинава

Подобро е да влезеш во опозиција, отколку партиски и приватни интереси да ја водат државата. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам на уцени – ниту од Западот, ниту од Социјалистичката партија, ниту од лажните десничари. Ова, како што пренесе „Новости.рс“ го изјавил српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, на средбата со партискиот врв.

Според неофицијалните информации кои ги објави српски „Блиц“, повикувајќи се на извори од партијата на Вучиќ, вонредните избори во Србија би можеле да се одржат во септември годинава.

„Многу сум разочаран од однесувањето на социјалистите, кои беа некаде измеѓу, сакајќи да им угодат на сите“,

изјавиле за „Новости.рс“ извори од СНС, цитирајќи го Вучиќ.

Вучиќ рекол и дека му е доста од корумпирани луѓе кои сакале да се збогатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на неговото име во нивните матни афери и секогаш кога требало да се борат за земјата и народот, тие биле првите кои го вртеле грбот.

Оваа порака беше проследена со бурни овации, а Вучиќ го завршил говорот со зборовите „Србија ќе победи“.

Навестувањето за целосна промена на актуелната политичка панорама во земјата, како што пишува „Новости.рс“, се појави за време на сумирањето на неодамнешната седница на српското собрание посветена на Косово, при што Вучиќ рече дека неговата партија е сама во одбраната на државата, а дека со себе единствено ги имала граѓаните.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Над 1.760 загинати, 12.068 повредени во разорните земјотреси во јужна Туркије

Следно

Ајде да бидеме хумани: Донирајте за Турција и Сирија на следниот начин!

Latest from Blog

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки
Go toTop