Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

March 15, 2025
1 min read

Јавноста беше позитивно изненадена со веста дека Новоматик Македонија станува спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија. Станува збор за првично договорено партнерство за наредните две години во вкупна вредност од 1 милион евра.

Пред само 8 месеци навивачката група на ФК Вардар, „Комити“ објави дека глобалниот лидер во индустријата игри на среќа Новоматик Македонија, во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, со годишна финансиска инјекција од 1 милион евра ги поддржа амбициите на македонската фудбалска гордост за враќање на старите славни патеки.

Поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси. Затоа, нема никакво сомнение дека Новоматик Македонија со одлуката да стане спонзор и на ФФМ одржува вистинска лекција за тоа како се слушаат потребите на заедницата.

На настанот по повод промоцијата на новото партнерство, Марија Митреска во името на новиот спонзор на ФФМ истакна:

„Новоматик Македонија е силно фокусирана на поддршка на визијата за промовирање на вистински вредности кои ќе создаваат силни и здрави нови генерации кои ќе го носат товарот за градење сигурна иднина. Ова спонзорство не е само општествено одговорна активност, туку демонстрација на заеднички принципи за успех во спортот. Силно веруваме дека поддршката на Новоматик Македонија ќе значи и сериозен чекор напред кон реализација на амбициозните планови на новото раководство на ФФМ за успеси на младинските и сениорските државни репрезентации, но и подигнување на квалитетот на домашните фудбалски првенства“, порача Митреска на последниот настан.

ФФМ го поздрави партнерството со Новоматик Македонија како значајна поддршка за македонскиот фудбал.

„Горди сме што добиваме партнер кој отсекогаш ги поддржува спортските проекти и компанија со општествена одговорност кон фудбалот пред сѐ, но позната и по својата поддршка на заедницата. Оваа соработка не е само спонзорство. Тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси. Ова партнерство е доказ за нашата посветеност, нови можности за нашиот тим и нашите навивачи“, истакна претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ при настанот по повод спонзорство од Новоматик Македонија за Федерацијата.

Настрана од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игри на среќа за финансиските програми на Агенцијата за млади и спорт, и со оваа многу важна одлука Новоматик Македонија продолжува да го подржува развојот на македонскиот спорт. Оваа групација веќе е спонзор и на ракометниот клуб Вардар, кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожуф. Новоматик Македонија со преку 2 илјади вработени веќе 18 години е присутен во домашниот економски сектро, со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет подржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни и донаторски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

Врз основа на одредени проценки, досега Новоматик Македонија во активности од јавен интерес има донирано повеќе од 300 милиони денари.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Претседателот на САД Трамп го коментираше ветувањето дека ќе стави крај на руско-украинската војна за 24 часа

Следно

„Туркије ги повикува терористичката група ПКК и нејзините ограноци да се распуштат и безусловно да го предадат оружјето“

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop