Новоименуваниот палестински премиер Мустафа: Нема држава без Газа

March 16, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Новоименуваниот премиер на Палестина, Мухамед Мустафа, изјави дека новата влада ќе работи на ублажување на страдањата на палестинскиот народ во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Нема држава без Газа, а во Газа не може да има држава далеку од Ал Кудс (Ерусалим) и Западниот Брег“, рече Мустафа.

Како што наведе палестинската новинска агенција ВАФА, премиерот Мустафа во писмото што му го испратил на палестинскиот претседател Махмуд Абас истакнал дека ја прифатил задачата за формирање на 19-та влада.

Мустафа вели дека му е чест што добил задача да ја формира новата палестинска влада.

Тој, исто така, предупреди на континуираните напади на Израел врз Газа од 7 октомври 2023 година.

„Свесен сум за сериозноста на оваа фаза низ која минува нашето национално прашање, за тешките услови во кои се наоѓаат нашите одлучни луѓе и за сериозноста на проблемот“, рече тој.

Тој го стави фокусот и на убивањето, разорувањето и тероризмот кои го спроведуваат еврејските доселеници на Западниот Брег.

„Нападите на кои е изложен палестинскиот народ бараат поголеми напори, обединување на сопствените редови и продолжување на активностите во арапската и меѓународната заедница“, рече Мустафа.

Мухамед Мустафа, долгогодишен економски советник на претседателот Абас, во четвртокот беше именуван за нов премиер на Палестина.

Функцијата ја презеде од Мухамад Ибрахим Штаје, кој беше премиер од 2019 до 2024 година, пред да објави на 26 февруари дека поднесува оставка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Втор ден од претседателските избори во Русија

Следно

Авион со 139 патници останал без дел од крилото за време на летот

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop