Ново апсење во Србија за масакрот кај Младеновац

June 11, 2023
1 min read

Братучедот е уапсен врз основа на нови околности до кои дошла истрагата, а кои се однесуваат на потеклото на оружјето, куршумите и експлозивните средства што осомничениот Урош ги користел при масовното убиство и кои биле пронајдени при претресите што следуваа подоцна

Полицијата на терен во Дубона (село кај Младеновац) по масовното убиство / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC (архива)

Четврто лице е уапсено во рамки на истрагата за масакрот кај Младеновац што се случи на 5 мај, а во кој осум лица беа убиени и имаше десетина ранети.

За масовното убиство е осомничен 21-годишниот Урош Б., а вчера, како што денеска објавија српските медиуми, е уапсен неговиот прв братучед со иницијали Б. Г. (син на вујкото на осомничениот).

Во тек е неговото сослушување во Вишото јавно обвинителство во Смедерево и тој е осомничен за кривично дело недозволено производство, држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи.

РТС пренесува дека Б. Г. е уапсен врз основа на нови околности до кои дошла истрагата, а кои се однесуваат на потеклото на оружјето, куршумите и експлозивните средства што осомничениот Урош ги користел при масовното убиство и кои биле пронајдени при претресите што следуваа подоцна.

Покрај братучедот, претходно српските органи ги уапсија и таткото и вујкото на Урош Б., кои исто така се осомничени за недозволено производство, држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во напад на руски дрон во Украина оштетени речиси 300 стана

Следно

Катарскиот тим Ал-Сад му нуди на Модриќ двегодишен договор

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 1,8 процентни поени за една година

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии. Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на

Мицкоски: Заврши мониторингот за Македонија од страна на ПССЕ, тоа е само признание за нивото на демократија во Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа и дали можеме

Општина Прилеп воведува парична помош од 3.000 денари за секое прваче

На осмата седница на Советот на Општина Прилеп беше усвоен Правилникот за доделување на еднократна парична помош. Помошта изнесува 3.000 денари за секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година. За реализација на

Се урна ѕид од приватен објект во Битола – институциите се на терен

Зад зградата позната како ЈАТ во Битола денеска се сруши приватен објект, при што паднатиот ѕид оштети неколку паркирани автомобили. На местото на настанот се присутни полициски службеници и инспектори од Општина
Go toTop