Новиот авион на турската авијација Трој Т200 за првпат на пистата

May 5, 2023
1 min read

БУРСА (АА) – Турска воздухопловна компанија денес објави дека тестирањето на нејзиниот најнов авион за обука и општа намена на земја, Трој Т200, е завршено, јавува Анадолу.

„Нашиот авион успешно заврши уште еден процес. Ова беше значаен ден за турската цивилна авијација. Процесот на тестирање на земја е успешно завршен“, се вели во твитот на компанијата УЧАКСАН авионски системи, со седиште во северозападната индустриска област Бурса.

Трој Т200 е снимен од Анадолу за време на тестирањата на авионот на тлото што следуваа по тестирањата за стартување на моторот.

„Проектот за развој на авионот беше започнат пред четири години“, изјави за Анадолу извршниот директор на УЧАКСАН, Емре Балџи.

„По тестирањата на моторот, успешно се завршени и останатите тестирања на земја. Процесот што претстои сега е во тестирањето при летање“, рече Балџи.

„Со максимална тежина од 430 килограми, Трој Т200 ги има најмоќните технички спецификации во својата класа“, нагласи Балџи, и додаде дека авионот има карбонско композитно тело, стаклен кокпит и силна аеродинамика.

„Нашата цел е да ја поминеме 2023 година со тестирања и сертификација, и да започнеме со масовно производство до 2024 година и да започнеме со продажба“, истакна Балџи.

Авионот може да се користи за повеќе намени, меѓу кои обука на пилоти, земјоделство и набљудување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинци почнаа да ораат мини

Следно

Лавров: Русија ќе одговори со конкретни дејствија на нападот врз Кремљ

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop