Новинарот на Ал Џезира чие семејство беше убиено во израелски напад: „Ова никогаш нема да нè замолчи“

October 26, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – По загубата на сопругата и децата во израелски воздушен напад, дописникот на Ал Џезира од Газа, Ваел ал-Дахдух, порача дека ќе продолжи да известува за интензивните бомбардирања на Тел Авив врз енклавата која е под опсада, јавува Анадолу.

„Ова никогаш нема да го замолчи нашиот глас. Новинарството е нашата благородна мисија“, изјави Ал Дахдух за Анадолу. Тој даде изјава еден ден по загубата на неговата сопруга, син, ќерка, внук и уште осум роднини во нападот врз домот во бегалскиот камп Ал-Нусејрат во централна Газа, каде што избегаа откако беа принудно раселени.

„Израел таргетира цивили и врши масакри врз цели семејства“, рече Ал Дахдух.

„Ова е дел од она низ што минуваат палестинските семејства во Газа секој ден“, додаде тој.

Ал-Дахдух ја прими веста за смртта на неговото семејство додека известуваше за израелските напади врз Газа од локалната канцеларија на катарската телевизија.

Телевизијата Ал Џезира објави видео од дописникот како го носи телото на својата ќерка в раце, и уште една снимка како гледа во телото на својот син кој лежи на земја во болницата.

И покрај својата загуба, новинарот изјави дека останува одлучен да продолжи со својата работа на медиумско покривање на израелските напади врз Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври загинаа 7.028 Палестинци, од кои 2.913 деца, 1.709 жени и 397 стари лица, и 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје започна Министерскиот форум за внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023

Следно

Роберт Милошески, прв Австралиец со македонско потекло, избран за советник во Равенсторп

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop