Новинарка го налути Рама, еве што го праша

February 29, 2024
1 min read

Новинарка денеска го налути албанскиот премиер Еди Рама, кога го праша во кое својство на двата самита, одржани во Тирана, присуствувал и Алекс Сорос.

На крајот од прес-конференцијата, со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, новинарката Амброзија Мета го праша Рама „зошто Алекс Сорос мора да биде присутен не само на самитот, туку и на семејната фотографија“.

-Заборавил да те праша тебе, отсечно и видно нервозно одговори Рама.

За време на двата самита, беше забележано учеството на Алекс Сорос, син на филантропот Џорџ Сорос, кој стоеше зад Рама на состаноците на Самитот. Исто така е и на фамилијарната фотографија на која се сите високи државни функционери од регионот и ЕУ.

Алекс Сорос често е виден како се дружи со премиерот Рама, па дури и го нарекува „брат“, но пријателството со премиерот се чини недоволно за да биде дел од овие организации од толкава важност. Сè уште не се знае со која должност или функција Александар Сорос е толку вклучен во владините работи и на вакви самити, наведуваат албанските медиуми. вт/ссм/

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отфрлена претставка против Алсат во Агенцијата за медиуми

Следно

Повеќе од 30.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на војната, според Министерството за здравство контролирано од Хамас

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop