Нови училници доби ООУ ,,Кузман Шапкарев” во Драчево

January 3, 2024
1 min read

Активностите за унапредување на наставниот процес за нашите ученици кој интензивно се одвива во основните училишта на наша територија, продолжуваат и понатаму.Во ООУ ,,Кузман Шапкарев” во Драчево изградивме нови две училници со што овозможуваме предметната настава да се одвива во засебни кабинети напиша градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

– “Ова е посебно важно бидејќи овозможува опремување на кабинетите со повеќе нагледни средства и можност за повеќе практична и експериментална настава, како чекор што го унапредува квалитетот на учењето и на учениците им обезбедува подобра подготовка за нивната професионална иднина.  Во таа насока, инвестициите во нашите образовни проекти продолжуваат и сакам да информирам дека во моментов се прави проект за доградба на крак и во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”, со што ќе се овозможи работа во една смена не само во ова, туку во сите училишта на територијата на Кисела Вода до крајот на мојот мандат“ напиша Ѓорѓиевски

Тој притоа дополни дека сите училишта на територија на Кисела Вода во оваа година ќе добијат фотоволтаици.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: За случајот со Дрин Ахмети се постапува како и за секој друг граѓанин

Следно

Еден осомничен за грубо насилство по сообраќајна расправија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop