Нови парламентарни избори утре во Грција

June 24, 2023
2 mins read

Над 25.000 Грци кои живеат во странство денеска, ден пред парламентарните избори во Грција, гласаат во 85 града во 35 земји, каде што се отворени 102 гласачки места, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласањето од странство за прв пат беше воведено на минатите избори на 21 мај, кога Грците ја искористија можност да гласаат на парламентарните избори, без да биде потребно да се вратат во Грција.

Тогаш беа пријавени 22.855, а сега речиси 3.000 повеќе граѓани, со што ќе гласаат вкупно 25.610 Грци и отворени се три дополнителни гласачки места во уште три града.

За да се отвори гласачко место, потребно беше да има најмалку 40 пријавени граѓани, а поголемиот број од гласачките места се во просториите на амбасадите и конзуларните претставништва во Грција.

Гласачките места се отворени од седум часот утрово до 19 часот по локално време во секоја земја, а пребројувањето на гласовите ќе биде во Грција, откако гласачките ливчиња, авионски ќе бидат испратени во земјата.

Поради временските зони, први се отворија гласачките места во Австралија, а последни ќе се затворат во одредени градови во САД и Канада.

Најголем број пријавени гласачи има во Лондон, Брисел, Амстердам, Берн, Никозија, Париз, Берлин, Минхен и Хаг.

Доколку се анализираат резултатите од гласањето на Грците во странство од претходните избори во мај и се споредат со конечните резултат во целост од земјата, произлегува дека излезноста е поголема, Нова демократија добива поголем процент, партијата на Варуфакис која не освои место во Парламентот според гласовите од дијаспората беше трета, а ПАСОК на петтата позиција, наспроти третото место во целата земја.

Исто како и во цела Грција, така и од гласовите на Грците кои живеат во странство, победник беше Нова демократија со 42,62 отсто од гласовите.

Од 35 земји во кои имаше гласање, СИРИЗА победи во Шведска, Данска, Португалија и Шпанија, а во останатите, убедлив победник беше Нова демократија, која во одредени земји доби висок процент и над половина од гласовите.

Во Саудиска Арабија победи со 70 отсто, Грците во САД ја одбраа Нова демократија со 62,2 проценти, во Турција со 57,9 отсто, а над 50 проценти доби и во Бугарија, Австралија, Романија, и Литванија.

Сепак, овие резултати се од претходните избори, земјата сега оди на втори, нови избори и не станува збор за втор круг, а лидерите на грчките партии, континуирано потенцираат дека гласачките кутии се повторно празни и гласањето почнува од нула.

Во Грција денеска е предизборен молк во пресрет на утрешните парламентарни избори, а вчера партиите ги одржаа последните предизборни митинзи –претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис одржа говор во центарот на Атина, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас говореше во Солун, а претседателот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис одржа митинг на Крит.

Нешто помалку од десет милиони граѓани утре ќе гласаат на изборите на кои учествуваат 32 партии, коалиции или самостојни кандидати.

На минатите избори беше спроведен пропорционалниот модел што не предвидува бонус од 50 пратеници за партијата победник и ниту една од партиите не го обезбеди потребното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па затоа и се одржуваат втори избори.

Сега ќе се спроведе законот од 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Но, овој пат, бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници, како што беше случај во минатото туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и колку партии ќе останат вон Парламентот, а ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин го обвини челникот на „Вагнер“ за предавство

Следно

„Вагнер“ тврди дека ја презел контролата врз Ростов и дека ќе тргне кон Москва

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop