Нови обвиненија за сексуален напад против Жерар Депардје

February 16, 2024
1 min read

Се појавија нови обвинувања за сексуално недолично однесување против францускиот глумец Жерар Депардје. Тужбата е поднесена на 9 јануари и се однесува на сексуален напад за време на снимањето на филмот „Магионичарот и Сијамецот“ (Le Magicien et les Siamois) пред речиси 10 години – наводно сè се случило во март 2014 година.

Жената, која претпочита да остане анонимна, тогаш имала 24 години и работела како асистентка. Таа се жали дека Депардје ѝ ги допирал интимните делови и ѝ давал непристојни забелешки. Пријавата против Депардје е поднесена за „полов напад врз ранлива личност од страна на лице кое го злоупотребува овластувањето на својата положба“. Неколку жени досега го обвинија познатиот глумец, за сексуално насилство, објави весникот „Куриер де л’уес“ (Le Courrier de l’Ouest).

Според весникот, адвокатот на Депардје смета дека, како и во другите судски постапки кои се во тек, неговиот клиент порекнува сексуално вознемирување.

Депардје е под истрага за обвинувања за силување од 2020 година. Од средината на септември лани е во тек уште една жалба против него за сексуална злоупотреба. Се наведува дека тој настан се случил 2007 година.

Францускиот глумец ги отфрли наводите од обвиненијата. Во писмото објавено во весникот „Фигаро“, тој се опишува себеси како „жртва на медиумски линч“.

Депардје беше остро критикуван и за своето однесување во документарниот филм за неговото патување во Северна Кореја во 2018 година, којшто беше прикажан на почетокот на декември. Во филмот, се вели, тој постојано дава мизогинистички и вулгарни коментари.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал-Хелајфи му кажал само два збора на Мбапе откако лично му открил дека си оди од ПСЖ

Следно

Рецепт за ролат со спанаќ: Идеален за појадок

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop