Нови израелски напади врз Либан: Бомбардирани многу објекти во регионот Дахиех

September 27, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Бројни експлозии се слушнаа во Бејрут, главниот град на Либан, веднаш по обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) во Њујорк, известува Анадолу.

По десетина експлозии густ чад се издига од јужниот дел на Бејрут.

Како што јави либанската новинска агенција NNA, цел на воздушните напади бил квартот Хурејк во регионот Дахиех, јужно од Бејрут.

Се додава дека израелските воени авиони бомбардирале многу објекти во регионот Дахиех.

На местото на нападот се испратени амбулантни возила и тимови за цивилна одбрана.

Министерството за здравје на Либан објави дека најмалку 2 лица се убиени, а 76 се ранети во израелското бомбардирање на јужното предградие на Бејрут.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари објави дека авионите го нападнале штабот на Хезболах во регионот Дахиех, во јужниот дел на Бејрут.

Израелските медиуми јавуваат дека цел на израелската армија бил генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах.

Според израелското армиско радио, армијата истражува дали Насралах бил присутен на локацијата што ја бомбардирале израелските авиони, додавајќи дека во нападот биле користени „бункер-бомби“, наменети за уништување бункери и подземни простории.

Телевизијата Ал Манар, која е блиска до Хезболах, објави дека во нападот биле уништени четири згради.

Израелската телевизија Канал 13 објави дека официјален Тел Авив го известил Вашингтон дека ќе го нападне бејрутскиот кварт Дахиех.

Израелската армија, која од 8 октомври минатата година ги продолжува контролираните судири со Хезболах, од 23 септември изврши стотици воздушни напади врз градовите на југот на Либан, како и врз регионите Бека и Баалбек.

Според либанските власти, 773 лица се убиени во воздушните напади, додека речиси 150.000 се раселени бегајќи од бомбардирањата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Тошковски на меѓувладина седница: Разговаравме за интензивирање на напорите во борбата против криминалот и корупцијата

Следно

Младинскиот репрезентативец Ќириловски нов кошаркар на Игокеа

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop