Нови два случаи на Ковид-19 во Македонија, за 20 дена 13 заболени лица

January 20, 2025
1 min read

Од 13 до 19 јануари, тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Сарс-ков-2, за 8.9 проценти повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe два нови позитивни случаи, за четири помалку во однос на минатата недела, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.

Во тековната недела, регистрирани се две заболени лица, по едно во Кратово и Скопје. Во текот на минатата недела, регистрирани се петмина оздравени и нема починати лица асоцирани со вирусот.

Во текот на 2025 година, заклучно со вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 13 заболени лица.

– Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, појаснуваат од Институтот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата Левица предложи ограничување на патните трошоци на пратениците

Следно

Започна второто полугодие – основното училиште во Блаце, 12 ученици, 3 наставници, 1 барака

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop