Нови детали за ГОЛЕМА ИЗМАМА: Затвореник од хумани луѓе прави жртви – вака ги намамува, а никој не го казнува (ФОТО)

January 18, 2023
2 mins read

„Сакам да донирам за деца кои треба да се оперираат, деца со посебни потреби, сиромашни семејства. За жал, не можам лично бидејќи живеам во странство. Имам пари и сакам да испратам, да помогнам. Ќе ми треба ваша помош, да ви ги испратам парите, а потоа вие да ги дадете таму каде има потреба или на отворениот апел за помош“.

Ова што го прочитавте сигурно ви личи на зборови од добар човек, со искрена желба да помогне. И најчесто е така, но не и во овој скандал со низа измами под превезот на хуманитарна акција.

Зад овие зборови изминатиов период се крие измамник. Тој период не е воопшто краток, трае цели две години. Голем е бројот на измамени лица. НУЛА е бројот на работи превземени од надлежните за да го решат овој скандалозен случај.

Без официјална истрага од полицијата и оние кои земаат пари од народот да решаваат вакви случаи, почнаа да истражуваат луѓето кои дознаа за случајот. Следејќи ги врските за да се најде измамникот или измамниците, сите патишта ги однесоа во затворот Идризово. Затвореник кој иако е таму, очигледно ужива целосна слобода, стои зад овие дрски измами.

КУРИР се вклучува во раобличување на оваа голема измама. Дел од изманипулираните граѓани ја контактираа нашата редакција, а понатаму истражувањето го продолживме со други вклучени лица.

КУРИР вчера ја запозна јавноста со големата измама и за денес најавивме продолжение.

Детали за ГОЛЕМА ИЗМАМА: Не праќајте лични информации на непознати луѓе, под лажен превез за хуманитарни акции земаат брзи кредити во ваше име

Човекот со “повеќе лица“ стапува во контакт со луѓе кои споделуваат хуманитарни апели на социјалните мрежи или се организатори на дел од нив. Пишува од различни профили на Фејсбук, машки и женски. Се претставува како лице кое сака да донира хуманитарно, но не живее во Македонија или е тука, но бара начин побрзо и полесно да “донира“.

На неговите “жртви“ им вели дека сака да им прати пари на нивна сметка, за тие потоа да ги пренасочат и дадат во некоја од хуманитарните акции, каде се собираат пари. Ги убедува дека за да им прати пари преку банка тие треба да му ги испратат своите лични карти, поради потребните податоци. Граѓаните, верувајќи во неговата добра намера, му испраќале фотографии на кои се гледаат сите податоци од личната карта.

Дури им барал и на фотографиите да го има нивниот лик за да биде сигурен дека знае каде донира. Тука лежи клучот на една од измамите – фирмите кои даваат брзи кредити за кои се аплицира онлајн, бараат токму вакви фотографии! Им барал и број на здравствена легитимација.

Измамените лица мислеле дека прават добро дело, а всушност поради непромисленост во даден момент станале жртви на измама. Дел од нив тоа го сфатиле веднаш, а другите дури подоцна.

Со овие нивни информации, тој си аплицирал за брзи кредити и ги добивал истите. Парите не ги подигнувал во кеш, туку продолжувал со својата измамничка дејност.

Нарачувал клима уреди, телевизори, бела техника, разни апарати и преку неколку карго фирми барал да му се испратат на адреси во Скопје и во други градови.  Дел од адресите биле непостоечки па вработениот во карго не можел да најде каде да ја достави пратката.

Со податоците на измамениот купувал и картички со припејд бројчиња од операторите, подготвувајќи се за следната жртва.

КУРИР стапи во контакт со неколку измамени лица. Револтирани се кон измамникот, но и кон себе, обвинувајќи се дека поради добра намера да помогнат, станале жртви. Најреволтирани се на сите одговорни кои не превземаат ништо за да ги заштитат. Полицијата крева рамена и кога измамените биле да го пријават случајот не направиле ниту записник.

Ви пренесуваме само мал дел од разговорите на измамените лица со измамникот. Погледнете како тој ги вовлекува во неговата криминална шема.

Со известување за овој скандал, КУРИР ќе продолжи до целосно расчистување на случајот од оние на кои тоа им е должност и кои се платени од џебот на македонските граѓани за да ги заштитуваат од секаков вид на злоупотреба и криминал.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Велт“: Бугарија тајно ја снабдувала Украина со муниција и дизел

Следно

Драма на Бит Пазар: Скопјанец нападнат со остар предмет во обложувалница

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: БДП порасна за 3,5%, економијата шест квартали по ред во позитивна зон

Растот на економијата во 2025 година е најголем показател дека политиките и во услови на неизвесност може да се креираат и да остваруваат резултати, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, осврнувајќи

Коњановски: Инвестициите во образованието и грижата за најмладите се наш приоритет

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска ја посети детската градинка „Росица 1“ во Бистрица, која е дел од установата „Естреја Овадија Мара“ Битола. Беше информиран дека во текот на изминатиот период активностите

Проданоски: Прилеп добива модерен и безбеден центар

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изврши теренска обиколка на градежните активности на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, при што оствари директни средби со граѓани, изведувачи и сопственици на деловни објекти на овој

Божиновска: Државата има доволно нафтени деривати, системот е стабилен

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информира дека државните нафтени резерви се стабилни и гарантираат сигурност на снабдувањето со нафтени деривати во земјата. Од Министерството соопштија дека внимателно се

Ен-Би-Си: Трамп одобри воени акции во седум земји во последната година

Овие акции вклучуваат различни видови воени операции, од антитерористички напади до напади врз специфични цели. Администрацијата на Трамп ги прошири антитерористичките операции во Сомалија, кои траат повеќе од две децении. Последниот напад
Go toTop