Нови 22 коли за итната медицинска помош и вработувања, најавува министерот за здравство Меџити

December 29, 2023
1 min read

реклама


Нови коли за итна помош и вработувања во здравството низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Поликлиника Чаир. Седум од колите за итна медицинска помош, се донација  од Европска Унија и треба да бидат промовирани во првите недели на јануари. 

– Плус оние што кога дојдов во кабинет, ги имаме нарачано, ќе се потпише тендерот некаде во јануари, за 22 коли, појасни тој. 

реклама

Тој нагласи дека интензивно ќе има нови вработувања од јануари, најголем број за медицински сестри, но и во брзата помош, секаде каде што има дефицит, така што малку ќе се амортизира тој дефицит од вработувања. Министерот потсети дека вчера беше голем ден за тие вработени со договор на дело, а проектот опфаќа и специјализанти што имале приватни специјализации. 

– Еден голем број од нив ќе вклопиме во овие вработувања во месец јануари. После тоа, нема да ни требаат согласности од Финансии и како Министерство ќе почнеме со нова систематизација низ целата држава, таму каде што има потреба, ќе ги вклучиме овие готови кадри, многу битни за македонското здравство, рече Меџити. 

реклама

Министерот рече дека при изборот на нови кадри, ќе се бираат најдобрите. 

Тој соопшти  дека првите десет лекови од новиот двоцифрен број на лекови на позитивна листа, што ги користат пациентите со хронични болести, ќе бидат вклучени некаде во првите недели на јануари. Со тоа, нагласи, ќе се ревидира таа листа што не е ревидирана над 13 години. 

реклама

Запрашан за рентген апарат во дефект во Градска, тој одговори дека веднаш ќе биде проверено и ќе биде информирана јавноста.

ФОТО: Архива

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МИТ го неутрализираше терористот на ПКК кој планирал напади врз турски воени единици во Сирија

Следно

Џон Клиз ги напна фановите на Трамп

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop