Новата потрошувачка кошничка ќе биде „просечна“, а не „минимална“

April 29, 2025
1 min read

Новата потрошувачка кошничка, која ја подготвува Министерството за економија, е речиси финализирана и наскоро ќе биде доставена на разгледување до Економско-социјалниот совет. Ова го изјави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, по завршувањето на владините мерки за замрзнати цени и ограничени маржи.

„Се надевам дека сите во синџирот на трговија научија дека заштитата на животниот стандард на граѓаните треба да биде приоритет. Не смееме да дозволиме вештачко зголемување на цените и инфлација, особено кога за тоа нема реални економски услови“, рече Ристески.

Што се менува во новата кошничка?

Според досега достапните информации, новата кошничка повеќе нема да се нарекува „минимална“, туку „просечна“, и ќе се заснова на податоци од Државниот завод за статистика и Пазарниот инспекторат. Ќе се користат цени од повеќе маркети од различни региони во земјата, со цел да се добие реална и репрезентативна слика.

Сè уште не е дефинирано дали кошничката ќе биде пресметана за тричлено или четиричлено семејство, а нема да бидат вклучени производи како цигари и алкохол – што е пракса и во досегашната методологија на ССМ.

Бизнис-заедницата реагираше на најавените измени, предупредувајќи дека во овој сегмент треба да се внимава на стабилноста на пазарот и предвидливоста за компаниите.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) редовно ја пресметува синдикалната минимална потрошувачка кошничка, која ги одразува основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Според најновите податоци, во јануари 2025 година, вредноста на оваа кошничка изнесувала 63.252 денари (околу 1.028 евра), што претставува зголемување од 391 денар во споредба со декември 2024 година .​

ССМ истакнува дека оваа кошничка е клучен индикатор за реалните трошоци на живот и служи како основа за нивните барања за зголемување на платите. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нагласува дека синдикалната кошничка е пообјективна од официјалната, бидејќи се фокусира на неопходните трошоци, за разлика од официјалната кошничка на Државниот завод за статистика, која вклучува и луксузни производи

Според нив

Како се пресметува потрошувачка кошничка во ЕУ?

Во Европската Унија, пресметката на потрошувачката кошничка се базира на т.н. harmonised index of consumer prices (HICP) – усогласен индекс на потрошувачки цени. Секоја држава-членка врши детална анализа на потрошувачките навики преку анкети на домаќинства и ги класифицира трошоците во категории како храна, домување, транспорт, здравство, образование, комуникации и рекреација.

Во методологијата на ЕУ, трошоците се пресметуваат според тежините на секоја категорија во вкупниот буџет на едно просечно домаќинство, а податоците се ажурираат редовно врз основа на пазарни цени. Алкохолот и тутунот често се пресметуваат одвоено, а фокусот е на основните трошоци за одржување на животен стандард.

Иако Северна Македонија не е дел од ЕУ, се очекува новата методологија за пресметка на потрошувачката кошничка да се приближи до европските стандарди, особено во делот на транспарентност, регионална застапеност и реални репрезентативни податоци.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во Рим: Веруваме во континуираната поддршка од Италија за членство на Туркије во ЕУ

Следно

RYCO со грантови за култура: 3 илјади евра за индивидуалци, 6 илјади евра за организации

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop