Нова збирка раскази „Нешто трето“ од Максим Ристески

April 2, 2025
1 min read

Од печат излезе новиот ракопис од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. По одличниот прием на дебитантскиот роман „Пештера“, авторот на читателите им „подарува“ раскази „спакувани„ во како 236 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

„Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката“, вели рецензентката Ана Мартиноска за новата книга на Ристески.

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, и како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист… Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Нешто трето“ му е прва збирка раскази, по романот „Пештера“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен охриѓанец поради изнуда и противправно лишување од слобода

Следно

Пожар во автобус во Велес

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop