Нова шанса за полуматурантите – денеска второ електронско пријавување за учебната 2025/2026 година

June 30, 2025
1 min read

Полуматурантите кои не успеаја да се запишат во средно образование на првото пријавување во јуни, денеска имаат нова шанса преку второто електронско пријавување за учебната 2025/2026 година. Потребната документација до избраните училишта ќе се доставува утре, додека конечната ранг-листа со запишани ученици ќе биде објавена в среда, на 2 јули, најдоцна до 12 часот.

Според податоците на Министерството за образование и наука (МОН), за второто пријавување има вкупно 16.034 слободни места во средните училишта. Од нив, 10.758 се за паралелки на македонски наставен јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски наставен јазик.

Најголем број од слободните места се за стручно образование – 12.307, додека за гимназиско образование остануваат 3.727 слободни места.

Во првиот уписен рок, кој се одржа од 14 до 17 јуни, се запишаа 13.712 ученици од вкупно 16.601 пријавени. Од нив, 10.172 ученици се запишани во паралелки на македонски наставен јазик, 3.248 на албански, 279 на турски и 13 ученици на српски наставен јазик.

Податоците потврдуваат дека интересот за стручно образование продолжува да биде значително поголем од оној за гимназиско. На првиот уписен рок, дури 9.469 ученици избраа стручно образование, наспроти 4.243 кои се запишаа во гимназии.

Конкурсот за упис веќе е затворен за дел од гимназиите, меѓу кои „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје, како и за одредени сектори и квалификации во стручните училишта, каде што слободните места се пополнети уште во првиот рок.

За учениците кои нема да се запишат во овој јунски рок, следната можност е августовскиот уписен рок. Електронското пријавување ќе се спроведе на 21 август, кога истовремено ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Резултатите од запишувањето ќе бидат објавени ден подоцна, на 22 август.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓанскиот суд во Скопје донел првостепена пресуда Славјанка Петровска да му се извини на Христијан Мицкоски

Следно

Британското рап дуо кое скандираше „Смрт за Израелските одбранбени сили“ може да добие забрана за влез во САД

Latest from Blog

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на

Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред

Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како
Go toTop