Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос

February 11, 2025
1 min read

По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се анализираат официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, до 9.30 часот утрово беа регистрирани 13 земјотреси над 4 степени, од кои еден беше 5 степени, додека пак рано утрово во период од нешто помалку од два часа имаше 22 земјотреси над 3 степени, а најсилните беа 4,6, 4,8 и 4.9 степени.

За синоќешниот земјотрес од 5,3 степени, што беше и најсилниот досега, претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ рече дека „не можеме со сигурност да кажеме дека тоа е главниот земјотрес“, додека сеизмологот Герасимос Пападопулос на социјалните мрежи коментираше дека силниот земјотрес ја избриша „малата трошка оптимизам“.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 8 февруари, биле регистрирани над 12.800 земјотреси.

За попладнево е закажан нов состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за да се оцени ситуацијата.

Членовите на комисиите во текот на викендот одлучија училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите да бидат затворени и оваа седмица.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година

Следно

Маркетите да да имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на сите свои производи, Мицкоски откри една од мерките кои ќе бидат предложени на Влада

Latest from Blog

Состојба на патиштатa

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов
Go toTop