Нов закон за пушење: Забрана за пушење во автомобил во присуство на дете, но забранети ќе бидат и електронските

January 9, 2026
1 min read

Се подготвува нов закон за заштита од пушењето, со кој се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари, но и воопшто кон тутунските производи, објави денеска ТВ Телма.

Според нацрт-законот до кој дошла телевизијата, забраната за пушење ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи.

Цигарите ќе се тргнат и од видното поле на купувачите во маркетите, а се предвидуваат и ригорозни правила во сите затворени јавни институции.

„Забраната ќе важи за сите угостителски објекти за храна, вклучувајќи ресторани, барови, меани, кантини“, пренесува ТВ Телма.

Пушењето, според одредбите на законот, ќе биде забрането и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни.

Една од најважните измени е забрана за пушење во автомобил, доколку во моментот има присуство на дете, како и на автобуски и железнички станици, на пазари и во редица други институции и на јавни простори.

Истата забрана со новиот предлог-закон ќе важи и за сите типови на електронски цигари и вејп-уреди, а дополнително се забранува и користење на ароматизирани цигари.

Како што пренесува Телма, Министерството за здравство како креатор на овие измени, смета дека истите се неопходни, а целта е да се спречи здравствена катастрофа.

Предложените измени на законот за заштита од пушењето наскоро треба да бидат понудени на јавна дебата.

Според податоците на институциите, во земјава цигари пушат над 45 отсто од возрасните луѓее, што е далеку над просекот на Европа. Половина од нив пушат по една кутија цигари дневно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славески: Нема раст на домашните цени, инфлацијата дојде од странство

Следно

Бове ја продолжува кариерата после 13 месеци откако му застана срцето?!

Latest from Blog

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски
Go toTop