Нов тренд во турскиот медицински туризам: Операции за намалување на висината!

August 25, 2025
1 min read

Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк.

Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за естетски операции за намалување на висината, особено меѓу жени кои својата висина ја сметаат за недостиг или имаат различна должина на нозете.Турските клиники нудат процедури во кои, со скратување на фемурот и тибијата, се постигнува намалување на висината од 3 до 8,5 сантиметри.

Клиниките тврдат дека по операцијата не остануваат лузни, а пациентите се отпуштаат за 3 до 5 дена. Сепак, за време на закрепнувањето, пациентите мора да користат помагала за одење или инвалидска количка во период од два месеца, при што повеќето можат да одат самостојно од шестата недела.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Омерагиќ ги покани најмалите и младите фудбалери бесплатно на мечот Македонија- Лихтенштајн!

Следно

Лудило: Има само 16 години, ама со гол во 90+10.минута успеа да му донесе победа на Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“!

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop