Нов топлотен бран во Македонија

July 8, 2024
1 min read

Живата на термометрите сериозно се доближува до 40тиот степен. Топлотниот бран денеска можеше да се почуствува уште од раните утрински часови.ж

Телевизија 24 направи обиколка во центарот на главниот град. Тоа што го забележавме беа граѓани кои беа истоштени од пеколните температури.

Недостик на јавни градски чешми. Луѓето низ жешкото Скопје најчесто се движат со шишенце вода во рака. Екстремниет температури ги затворија скопјани дома. Низ градот може да се забележат мал број на граѓани кои излегле поради нивните неопходни потреби. Тие пак кои се излезени велат дека тешко се справуаат со топлотата, поради тоа што градот нема доволен капацитет на чешми и тие што ги има во поголем дел не се во функција.

Докторите препорачуваат да не се излегува надвор кога е најжешко од 11до 5часот попладне, носење на лесна облека, јадење лесна храна, конзумирање доволно течности како и не работење на тешка физичка работа во најтоплиот дел од денот.

– Препорачуваме носење на лесна облека, не излегување на сонце во периодот од 11 часо до 5 попладне, значи оние мерките кои што ги препорачува министерството за здравство мора да ги почитуваме. Јадење лесна храна моментално приготвена затоа што секое приготвување и не соодветно чување на храната може да доведе до разни индоксикации. – вели д-р. Милица Бубало.

Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека веќе делови од земјава се во жолта фаза и температури ќе достигнат до 41 степен, ваквите пеколни температури ќе се задржат до крајот на неделава.

 

– Сепак и утре температурите ќе бидат до 39 степен уште потопло време ќе имаме во среда и понатаму во деновите кон викендот температурата во среда и четврток ќе биде до 40 титот степен во петок и малку потопло до 41 степен. Што се однесува во нивоата за опасност од високи температури, веќе делови од републиката се во жолта фаза за опасност од високи температури. – вели Борис Секирарски од УХМР.

Надлежните препорачуваат во периодот од 11 до 17 часод да не се излегува од дома без причина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германците објавија петиција – над 350.000 навивачи бараат да се повтори мечот со Шпанија!

Следно

Инвазија на Европа

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop