Нов топлотен бран го пржи Балканот

July 4, 2025
1 min read

Македонија ја погодува нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела. 

Според анализите на УХМР, иако во недела се очекуваат краткотрајни локални дождови сепак тоа нема да влијае врз високите температури

Во недела во поладневните и вечерните часови ќе има услвои за локална нестабилна облачнот со дожд и грмежи но ова нема да влијае врз времето. Извесна промена на времето имаме во среда кога ќе дува северен ветер и температурите ќе опаднат за неколку степени. 

Порди топлотниот бран а на предлог на Министерството за здравство, Владата, пак денес донесе препораки за граѓаните со цел полесно справување со високите температури.  Оттаму препорачуваат да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, да се одложи работниот процес во период од 11 до 17 часот, како и обезбедување на  микроклиматски услови за работа од страна на работодавците.

Докторите од итната медицинска помош и оваа летна сезона препорачуваат да не се излегува од дома во периодот кога температурите се екстремно високи, да се пијат повеќе течности и да јаде лесна храна.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

Следно

Бугарската Влада го „преживеа“ третото гласање недоверба, нови тензии пред влезот во еврозоната

Latest from Blog

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми
Go toTop