Нов спортски центар во Кавадарци

February 1, 2025
1 min read

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска свечено го отворија новиот спортски центар во Средното општинско училиште “Киро Спанџов – Брко”.

Овој нов спортски комплекс ќе им овозможи на младите подобри услови за спортување, развој на нивните таленти и промоција на здравиот начин на живот.

Во склоп на спортски центар во Кавадарци изградено е фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и просторот е опремен со урбана опрема за спорт и рекреација.

Министерство за спорт

-Продолжуваме со реализација на проектите што ни се зацртани како приоритетни цели со инвестиции во спортот и во спортската инфраструктура. Ова е уште еден проект кој Министерството за спорт го реализира со цел да се подобри спортската инфраструктура низ целата држава. Вложувањето во спортот е вложување во иднината на нашите млади генерации. Нашата цел и заложба на младите да им обезбедиме услови за да се посветат на спортот, да го развиваат својот талент и да негуваат вистински спортски вредности, истакна министерот Ристовски.

Министерството за спорт продолжува со стратегиските инвестиции во спортската инфраструктура со цел создавање современи спортски објекти низ Македонија, достапни за сите граѓани, особено за младата популација како основа за подобри спортски резултати и подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот

Следно

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop