Нов протест за повисоки пензии на пензионерите од тетовско по три недели

October 9, 2023
1 min read

реклама

Нов протест на пензионерите од Тетово вечерва имаше на градскиот плоштад по три недели мирување, од кој повторно побараа повисоки пензии. Пензионерите порачаа дека пензиите сега уште повеќе треба да се зголемат линеарно и тоа да биде 5000 денари поради повисоките цени на храната. Исто така сметаат дека минималната пензија треба да биде 20 илјади денари.

– Со тоа покачување од 5,3 отсто уште еднаш ја докажаа нивната арогантност, не понижија не потценија. Сакаа да не фатат на кондиција ама и во тоа не успеаа. Се служат со лаги, велат некој манипулира со нас. А ние се изјаснивме дека овие протести не се партиски. Партија и политика не нè интересираат. Ние се бориме за нашите права, а тоа е да ни овозможат достоинствен живот. Не гледаат во очи и не лажат. Бараме линеарно зголемување на пензиите бидејќи инфлацијата ги изеде тие 3500 денари. Кога има за нив 78 отсто покачување и 400 евра кои ги најавија од 1 јануари, епа ќе мора да има и за нас. Муницијата не е уште потрошена, се ближат избори. Знаат дека ние сме најголемата гласачка машина. Тогаш ќе го употребиме нашето најголемо оружје пенкалото, истакна во обраќањето кон пензионери Ленче Симовска.

реклама

Координаторот на републичкиот иницијативен одбор за протести на пензионерите Драган Угриновски за прв пат дојде во Тетово да им даде поддршка на пензионерите.

– Бараме задолжително присуство во работната група која работи на методологијата на пакетот, најмалку двајца наши претставници. Иако тие не одбиваат, работат нешто зад затворени врати, веќе два месеци не излегуваат со никакви предлози и никакви пакети, но ние си претседателката Станка се незаинтересирани за да им се помогне на пензионерите, ние ќе бараме и нивна оставка, истакна во обраќањето пред насобраните пензионери, Драган Угриновски.

реклама

Тетовските пензионери најавија и порадикални протести.

– На 12 октомври во четврток ќе го блокираме влезот на Тетово во 9 часот утрото кај Монопол. Ова е пријавено и во полиција, најави Ленче Симовска.

реклама

Во текот на летните месеци пензионерите се собираа во кругот на Здружението на пензионери јавното протестираа и бараа повисоки пензии. Од 7 септември до 15 септември одржаа и неколку протести и на градскиот плоштад. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Никаква амнестија за криминалците!

Следно

Обезбедни се докази за Онкологија, виновниците со име и презиме ќе сносат одговорност, тврди Спасовски

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop