НОВ ИЗУМ: Лажица што ја прави храната посолена без повеќе сол

May 27, 2024
1 min read

Јапонска компанија претстави нов изум – електрична лажица којашто ја прави храната со посолен вкус, без употреба на повеќе сол.

Лажицата, направена од пластика и метал, е развиена со помош на професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеџи Мијашита, кој работел и на „сладок ефект со помош на стапчиња за јадење, а без шеќер“. Уредот тежи 60 грама и се напојува од литиумска батерија што се полни. Компанијата „Кирин Холдингс“ ќе пушти 200 електрични „солени лажици“ во продажба овој месец. Цената ќе биде 19.800 јени (117 евра) и првично ќе се продава во Јапонија. Но, стремежот е – за пет години да има милион корисници на овој производ ширум светот.

„Солената лажица“ функционира така што со своето мало електрично поле ги концентрира молекулите на натриум на јазикот, со што храната има посолен вкус.

Компанијата, инаку е позната по производството на пиво, па сега сѐ повеќе се сосредоточува на здравствените придобивки за корисниците, користејќи технолошки иновации.

Просечниот Јапонец консумира околу 10 грама сол дневно – двојно повеќе од препорачаната количина од Светската здравствена организација (СЗО). Прекумерниот внос на натриум (сол) може да има многу негативни здравствени последици, а една од нив е високиот крвен притисок, којшто пак, ја зголемува опасноста од срцев и мозочен удар, како и други срцеви заболувања. Солта може да ги оштети и бубрезите.

Високиот внос на натриум влијае и врз здравјето на коските. Истражувањата покажуваат дека храната полна натриум може да доведе до зголемено излачување калциум во коските, што со тек на време ги ослабнува и води кон остеопороза.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Почина Костадин Костадиновски – музички новинар, публицист, автор и основоположник на неколку значајни македонски фестивали

Следно

Русија, на окупираните територии, ги принудува младите Украинци да се борат против Украина

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop