Нотар од Тетово со лажен потпис префрлил имот

January 23, 2024
1 min read

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 62-годишниот З.Ч. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против 52-годишниот Ш.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „давање лажен исказ“, извести МВР.

– Првопријавениот, на 28.10.2022, во својство на нотар, постапил несовесно при вршење на службата на начин што со злоупотреба на личните податоци на лице од Тетово овозможил во нотарската книга во графата за потписи да се потпише друго лице во нејзино име. Додека, второпријавениот злоупотребил лични податоци на оштетената и без нејзина согласност, во соработка со првопријавениот направиле фалсификувано полномошно во негова корист, по што дал лажен исказ и потпишал изјава заверена на нотар со што успеал недвижен имот од околу 30.000 м2 без знаење и согласност на оштетеното лице да го префрли на лице од Косово со спогодба за реализирање со посредник, соопшти МВР.

Со ваквите дејствија предизвикана е материјална штета на лицето од Тетово од околу 150.000 евра.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски за ТВ 24: Преседан е на политичката сцена кога партија предлага свои министри, истите да не ги гласа

Следно

Надал на списокот учесници на турнирот во Доха

Latest from Blog

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија
Go toTop