НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ ЗА ХРВАТСКИОТ „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ

January 23, 2025
1 min read

Хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ доби номинација за Оскар во категоријата најдобар краток игран филм, соопшти денеска Академијата за филмска уметност и наука. „Човекот кој не можеше да молчи“ лани доби Златна палма за краток филм на Канскиот фестивал и стана првиот хрватски филм со оваа престижна награда. Филмот доби и Европската награда за најдобар краток филм од Европската филмска академија (ЕФА) .

Филмот е снимен во копродукција со Бугарија, Франција и Словенија, а во актерската екипа се Горан Богдан, Алексис Маненти и Драган Миќановиќ. Заснован врз вистински настан, дејството се случува во 1993 на малата железничка станица во Штрпци, БиХ, кога паравоени сили запираат патнички воз на релацијата Белград-Бар. Додека одведуваат невини цивили, само еден од 500 патници им се спротивставува. Членови на српска паравоена организација влегле во возот на станицата Штрпци во близина на Вишеград, побарале лични карти од патниците и одвеле 18 Босанци и еден Хрват, кои потоа ги мачеле, ги убиле, а телата им ги фрлиле во реката Дрина.

„Пресреќен сум што ја добивме оваа номинација, иако сè уште ми изгледа малку надреално. Веројатно целосно ќе го сфатам она што го постигнавме откако ќе почнеме да ги пакуваме куферите за Лос Анџелес. За време на оваа долга кампања за Оскар, многу ми значеше големата поддршка од целата филмска заедница“, изјави режисерот Слијепчевиќ.

Оскарите по 97. пат ќе се доделат на 3 март во Лос Анџелес.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарскиот кредит за стопанството сè уште недостапен за македонските компании

Следно

Училиштата се празнат! – Куманово силно погодено од иселувањата

Latest from Blog

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од
Go toTop