Ноќеска биле фрлени шок-бомби врз полициските станици во Звечан и Северна Митровица

June 16, 2023
1 min read

Полицијата се сомнева дека шок-бомбите биле фрлени од возило во движење, кое веднаш се оддалечило од местото на настанот

Косовската полиција соопшти дека ноќеска биле фрлени четири шок бомби врз полициски станици во општините Звечан и Северна Митровица на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.

Во извештајот на косовската полиција се наведува дека ноќта на 15 кон 16 јуни околу еден часот по полноќ во оградениот простор на полициската станица во Северна Митровица биле фрлени две шок-бомби.

Неколку минути подоцна, врз полициската станица во Звечан биле фрлени уште две шок-бомби.

Косовска полиција / Илустративна фотографија: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Полицијата се сомнева дека шок-бомбите биле фрлени од возило во движење, кое веднаш се оддалечило од местото на настанот.

Претходно, портпаролот на косовската полиција Ветон Ељшани во изјава за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа потврди дека во текот на ноќта се слушнале детонации во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица. Кажа дека во нападите нема повредени, а оти е оштетено едно полициско возило.

По однос на случајот е отворена истрага, но дека засега, како што соопшти Ељшани, нема осомничени.

Тензиите на северот на Косово се зголемија во последните три недели откако новите албански градоначалници на општините во мнозинско српско население во северно Косово со асистенција на косовската полиција, влегоа во општинските згради. На тоа се спротивставија косовските Срби кои ги бојкотираа локалните избори.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите за одбрана на членките на НАТО се подготвуваат за лидерскиот Самит во Вилнус

Следно

Мбапе ќе игра на Олимпијадата во 2024 година

Latest from Blog

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување
Go toTop