НМСМ се дистанцира од Град Скопје: Недоволна иницијатива за младинско учество

November 10, 2024
1 min read

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) се повлече од партнерството со Град Скопје за кандидатура на градот за Европска младинска престолнина 2025.

Како што велат тие, повлекувањето доаѓа како резултат на забележани недостатоци во младинските политики и непочитувањето на законските обврски кои се предуслови за ваков тип кандидатура.

Претседателот на НМСМ, Филип Ивковски во интервју за Трн.мк вели дека тие го презеле делот од младинските политики и ја воделе таа компонента од апликацијата, но Град Скопје не покажеле доволна иницијатива за реализирање на механизмите за младинско учество, кои се предуслови за Европска младинска престолнина. Од градот не забележале доволно интерес и подготвеност, поради што и се повлекле од партнерството.

„Имавме повеќе обиди за контакт, особено поради тоа што тимот за апликацијата неколкупати се смени. Комуникацијата со одделението за соработка и меѓународни односи беше ок, но кога дојде време за контакт со Градоначалникот, комуникацијата прекина и остана на ниво на е-пошта и телефонски разговори“ вели Ивковски за Трн.мк.

Тој додава дека Град Скопје има формирано Собрание за млади, но дека тоа е нефункционално и со истечен мандат.

„Потребни се локален младински совет, стратегија за млади и младински центар, кои не се воспоставени – и тоа во главниот град кој има најмногу ресурси за нивно имплементирање“ потенцира Ивковски.

НМСМ веќе го информирале Европскиот младински форум за повлекувањето од партнерството со Град Скопје и апелираат до институциите да се фокусираат на создавање реални младински политкики, кои ќе одговараат на реалните потреби на младите, а не само титуларно учество на младите во креирање на младински политики.

„Во соседството има инспиративни примери како Тирана и Нови Сад. Тирана пред неколку години ја доби титулата Европска младинска престолнина, а Нови Сад исто така значително ги унапреди младинските механизми за учество. Овие примери покажуваат дека кога институциите навистина вложуваат во создавање политики за младите, резултатите се видливи и реални. Ова може да биде дополнителен стимул за нашите институции, кои треба да дејствуваат во корелација со нашиот општествен контекст и да ги применат успешните практики на начин соодветен за нашата средина“ вели Ивкоски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж возел во спротивна насока на патот Тетово – Скопје

Следно

Васка Бајрамовска Мустафа: Треба да бидат вклучени сите институции

Latest from Blog

„Трагач за бомби“ пристигна во Британија – СВЕТОТ СТРАВУВА ПРЕД МОЖЕН КОНФЛИКТ (ФОТО)

Авионот на американските воздухопловни сили, познат по прекарот „нуклеарен трагач“, слета во Велика Британија во услови на растечки тензии со иранскиот режим, пишува The Telegraph. Пристигнувањето на специјализираниот авион WC-135R Constant Phoenix

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен

Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел

Разбојници украле куфери со над 2 милиони евра- филмски грабеж во еден од најбезбедните градови во светот

Тројца мажи украле куфери со повеќе од 2 милиони евра во готово на прометна улица во центарот на Токио, соопштија денес полицијата и медиумите, во редок инцидент во јапонската престолнина, позната по
Go toTop