НЛБ Банка Скопје им го носи Apple Pay на клиентите во Македонија – Побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање со iPhone, Apple Watch, iPad и Mac

July 29, 2025
1 min read

Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн.

За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси, ресторани, кафетерии и многу други места.

Клиентите можат да го користат Apple Pay на iPhone, iPad и Mac за да прават побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да мора да креираат сметки или постојано да внесуваат контакт информации, детали за картичка, информации за испорака и фактурирање. Apple Pay, меѓу другото, го олеснува плаќањето за достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркирање. Apple Pay може да се користи и за плаќање во апликации на Apple Watch.

„Задоволство е да се биде првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможува Apple Pay – иновативно, едноставно и безбедно решение за бесконтактно плаќање. Ова е уште еден значаен чекор во нашите заложби за дигитална трансформација, модерно банкарство, и безбедно и супериорно корисничко искуство. Во динамичниот свет во кој живееме, ние постојано вложуваме во решенија кои го поедноставуваат секојдневието на нашите клиенти, го следат нивниот животен стил и ги поставуваат стандардите на модерното банкарство.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Безбедноста и приватноста се во с’ржта на Apple Pay. Кога клиентите користат кредитна или дебитна картичка со Apple Pay, вистинските броеви на картичките не се зачувуваат на уредот, ниту на серверите на Apple. Наместо тоа, се доделува уникатен број на сметката на уредот, кој е шифриран и безбедно складиран во Secure Element, сертифициран чип со индустриски стандард, дизајниран безбедно да ги складира информациите за плаќање на уредот.

Apple Pay е лесен за поставување. На iPhone, едноставно отворете ја апликацијата Wallet, изберете + и следете ги чекорите за да додадете кредитни или дебитни картички на НЛБ Банка Скопје. Откако клиентот ќе додаде картичка на iPhone, Apple Watch, iPad и Mac, може веднаш да започне да го користи Apple Pay на тој уред. Клиентите ќе продолжат да ги добиваат истите услови и бенефиции што ги нудат картичките на НЛБ Банка Скопје.

За повеќе информации за Apple Pay, посетете: http://www.apple.com/apple-pay/ 

За повеќе информации за НЛБ Банка, посетете: www.nlb.mk

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пронајдено телото на 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско

Следно

Одбојкарите ја совладаа Бугарија на првиот тест

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop