НЛБ Банка ја поддржа македонската одбојкарска репрезентација, момците сакаат успех на престојното ЕП

August 29, 2023
1 min read

реклама



Македонската одбојкарска репрезентација, поддржана од НЛБ Банка, ќе го игра третото европско првенство по ред. Целта е јасна, пласман во втората рунда а сите веруваат дека „црено-жолтите“ ќе одговорат на предизвикот предводени од својата публика во СЦ „Борис Трајковски“.

„Би сакал да искажам благодарност до спонзорот НЛБ Банка што го препозна нашиот квалитет и застана зад нас во пресрет на ова големо натпреварување. Среќен сум бидејќи добро работевме, одигравме добри натпревари, немавме проблеми со посериозни повреди, па максимално подготвени влегуваме во ова европско првенство. Групата е тешка, јасно е дека Полска е прв фаворит, пред Холандија и Чешка. Данска и Црна Гора се наше ниво. Треба да влеземе позрело за разлика од претходните европски шампионати, да бидеме мудри, да имаме трпение и заедно со цела Македонија да се радуваме на една победа. Од името на играчите се заблагодаруваме на цела македонска јавност, ние живееме за ова, најмногу од сите ја посакуваме победата“, изјави капитенот Никола Ѓоргиев.

реклама

Македонската селекција го почнува настапот со дуел против Данска, а во нашата група се уште и Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка. Селекторот Миленковски кажа дека очекува момците да дадат се од себе.

„Овие момци секој ден даваат се од себе, да ја претстават државата во најдобро можно светло. Ова е најголем настан на македонско тло, можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Нашите желби секако се пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но зависи и од противниците не само од нас. Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза. Ова е најважното, треба да го покажеме нашиот цврст карактер, борбата амбициите и да се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации. Имаме сили за тоа, верувам дека по завршувањето на ова ЕП тоа ќе биде една нова историја за нашиот спорт“, изјави Миленковски.

реклама

Европското првенство се одржува во осум градови во Италија, Македонија, Бугарија и Израел. Домаќини покрај Скопје се уште и Рим, Болоња, Перуџа, Анкона, Бари, Варна и Тел Авив.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ на ФБ: Време беше, еве сме повторно – Од утре продажба на билети за Македонија – Италија

Следно

Њујорк тајмс почна по име да прозива непослушните украински генерали

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop