Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното пред два дена во Скопје

January 5, 2025
3 mins read

Скопје пред два дена беше најзагаден град во светот, и еве веќе втор ден свети на портокалово, односно табелата покажува дека воздухот е нездрав за хронично болните и децата иако се наоѓа на 29 место во светот според табелата на загаденост на „Ај кју аир“

Како што расте бројот на малигни заболувања во Македонија, делумно поради загадениот воздух, и од Град Скопје и од Владата молк за аерозагадувањето.

Протести за кои власта е глува

Скопјани по втор пат месецов на 18 декември изглегоа на протестен марш против загадувањето на воздухот по иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжи кон Собранието, па кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.

Демонстрантите носеа пароли во рацете на кои пишуваше „Сакаме чист воздух“, „воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „од смогот не се гледа иднината“.

Тие заедно со „Зелен Хуман Град“ поставија четири барања за борба против аерозагадувањето во Скопје. Бараат јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува.

„Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот, изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.

Организаторите на протестот рекоа дека поминале две недели откако ги доставиле барањата по одржувањето на првиот протест, но одговор од институциите нема.

„ Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките“, посочија од „Зелен хуман град“ во најавата за протесот.

„Искрено да ви кажам, јас не ја ни симнав маската. Многу малку во летниот период. Мора да се носи маска, загадено е“, ни раскажа повозрасна жителка на Скопје, која ги изрази своите грижи за здравјето поради квалитетот на воздухот.

Во петокот воздухот беше отровен

Сликата во градот во петокот наликуваше на времето на ковид пандемијата. Граѓаните кои секојдневно се соочуваат со загадувањето, шетаа со заштитни маски, загрижени поради воздухот исполнет со чад и мирис на изгорено. Во вечерните часови, загадувањето се зголемува, што е посебно опасно за дишните патишта.

Стефан Петров, кој пристигна од Брисел, сподели свое искуство: „Во моментот кога се отворија вратите од авионот и кога излегов на аеродромот во Скопје, се чувствуваше потешко дишење. И тоа дури во делот кој е надвор од градот. А кога стигнав во Центар почнаа да ме печат дури и очите, вели тој.

Според податоците од мерните станици, загадувањето е на алармантно високи нивоа. Според податоците на платформата IQAir, која ги следи нивото на загаденост, главниот град на Македонија во петокот имал 263 единици концентрацијата на штетни честички.

Нивото на PM2.5 било 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација. Се забележуваат слични проблеми и во други градови како Струмица, Кавадарци, Тетово, и Кочани, каде концентрациите на загадувачки честички се многу високи.

Скопје честопати се наоѓа меѓу десетте најзагадени градови во светот, но единствената мерка која често се применува е бесплатен јавен превоз кога воздухот е најзагаден три дена по ред.

Секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5.

„Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во Северна Македонија е поврзан со загаден воздух“, објави агенцијата на Обединетите нации во септември годинава.

Со концентрации кои во континуитет го загрозуваат здравјето на граѓаните, Северна Македонија со години е рангирана на врвот меѓу земјите со најзагаден воздух во Европа.

Официјалните податоци на државниот мониторинг секоја година покажуваат дека градовите како Скопје, Битола и Тетово имаат високи концентрации на ПМ2,5 и ПМ10 честички, особено во зимските месеци. И Во февруари 2024 година, Скопје повторно се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот, а просечните нивоа на ПМ10 или ПМ2,5 честички ги надминуваат дозволените граници повеќе од 100 дена во годината.

Носење маска и седење дома

„Бројот на малигнитети е отприлика 10 отсто од сите заболувања, но сепак е во пораст. Загаденоста влијае и на бројот на астма, опструктивни заболувања и хронични незаразни заболувања“, вели проф. д-р Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје на РСМ и Медицински факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.

Таа препорачува дека луѓето треба да се фокусираат на здрави навики, како што се пешачење, планинарење или престој во селото, особено за хронично болните, кои треба да избегнуваат излагање на загадениот воздух. „Кога е многу загадено, хронично болните треба да останат дома“, додаде таа.

Мерките што се препорачуваат за намалување на загадувањето вклучуваат ослободување на трудот на најранливите групи, како што се бремените жени и постарите лица, како и ограничување на употребата на службените возила од страна на државни и локални органи, и реорганизација на работното време.

„Загадениот воздух е токсичен. Наместо да се преземат конкретни мерки за намалување на загадувањето, сите молчат, велат од Иницијативата О2, која продолжува да укажува на сериозноста на проблемот. Според нив, потребна е замена на старите нееколошки системи за греење во јавни и здравствени институции, што би придонело за значително намалување на загадувањето.

Соња Танеска

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Следно

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

Latest from Blog

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство, така сме посилни и побогати како држава

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование
Go toTop