Ништо добро нема да се случи ако САД ги секнат парите за Украина

October 6, 2023
3 mins read

Замисли дека САД не може или едноставно не сака да обезбеди уште значителна помош за Украина. Тоа можеби не е најверојатниот исход имајќи предвид дека во Вашингтон продолжува двопартиската поддршка за помошта. Но е веројатен исход имајќи предвид дека Конгресот успеа да го продолжи работењето на американската администрација само откако се откажа, за сега, од напорите за надополнување на брзотрошечката помош за Киев.

Политиката околу помагање на Украина несомнено ќе станува се потешка, како што републиканската поддршка слабее, тврдокорните нео-изолационисти го сменија спикерот на Претставничкиот дом, а позициите на водечките кандидати за републиканска претседателска кандидатура се или скептични околу помошта или полошо. Па ако администрацијата на Бајден биде спречена во своите намери за време на претседателската кампања, тогаш што?

Прво, секако, балансот на военото поле значително ќе се измени. Украина нема едноставно да се предаде: во прашање е самото нејзино постоење, а нејзината војска се бореше премногу добро за да биде прегазена од ордите на рускиот претседател. Меѓутоа имајќи предвид колку Украина се потпира на оружје и муниција од Пентагон, ситуацијата секако ќе стане одвратна.

Во ова сценарио не очекувајте голема офанзива во 2024: Украина ќе мора да се истенчи до крајни граници за да го задржи тоа што го има. Одбраната ќе стане многу потешка.

На Украина ќе почнат да и недостасува воздушна и ракетна одбрана во текот на следната зима, додека Русија ги интензивира своите напори да ја премрзне земјата со уништување на нејзината енергетска инфраструктура. А во војна во која артилеријата е најважна, недостаток на овие капацитети може да има реално влијание на фронтовските линии – како што тоа се случи на почетокот од војната кога Русите имаа доминација во вооружувањето.

Други западни држави ќе се обидат да го надоместат падот на американската помош. Јужна Кореја, Британија и голем број европски нации веќе дадоа критичен придонес. Дури и овие држави да можат да и обезбедат повеќе пари на Украина, тие едноставно немаат доволно од воените залихи што му се потребни на Киев за да го мине периодот од сега до 2025.

Во најдобар случај, тогаш, повлекувањето на САД ќе ја остави Украина сред брутална безизлезна состојба на своја територија. Во најлош, ќе предизвика постепена ерозија која ќе го присили Киев да побара мир под неповолни услови.

Психолошките и дипломатските импликации ќе бидат идентично штетни.

Војната и мирот државите ги водат по основа на нивните очекувања од иднината. Ако Путин заклучи дека во иднина ќе има помалку американската поддршка за Киев, неговата теорија за победа – дека на крај ќе ја порази Украина со тоа што ќе издржи подолго од нејзините западни поддржувачи – ќе изгледа оправдана. Тој ќе има помалку поттик да прифати пристоен мир.

Украина, од своја страна, ќе биде соочена со јасен доказ дека времето не е на нејзина страна. Претседателот Зеленски ќе мора да се соочи со се поостриот избор дали да прифати договор со дволичниот Путин, или да продолжи да се бори како што рамнотежата на ресурсите се врти на руска страна.

Секако, војната со Украина никогаш не била само за Украина. Од прв ден таа е тест на сила меѓу оние кои се бранат и оние чија намера е да го уништат постојниот меѓународен поредок. Затоа падот на американската поддршка ќе има глобални импликации.

Државите кои се надеваат дека САД ќе се бори за да ги одбрани од кинеската агресија ќе мора да се соочат со фактот дека Вашингтон не би им помогнал на други држави да се одбрана себе си дури и од далеку послабата Русија. Оваа теза – дека демократиите се декадентни, дисфункционални и лесно застрануваат – која ги мотивира и Пекинг и Москва тогаш ќе биде потврдена.

Очекувајте дека Путин и Ши Џинпинг ќе ја искористат оваа шанса во својата дипломатија порачувајќи им на сите: Американците ќе ве храбрат да се борите до последен Украинец или Авганистанец и на крај ќе ве напуштат.

Самоназначените „реалисти“ на Западот ќе аргументираат дека колапсот на американската поддршка за Украина е благослов, бидејќи дозволува Вашингтон да се фокусира на закани како Тајван. Да ја ставиме на страна, на момент, стратешката апсурдност на аргументот дека најдобар начин да се одбие агресија на велесила на Пацификот е тоа да се дозволи во Европа. Политички говорено, многу е тешко да се замисли сценарио во кое САД не можат да соберат поддршка за да и се помогне на Украина да преживее реална војна и потоа некако да кренат брзина за да се подготват за хипотетичка војна.

Бајден и републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел, го разбираат ова, заради што тие во претстојните седмици повторно ќе се обидат да ја добијат помошта. Про-украниснките републиканци во Сенатот, свесни дека тешките гласови нема да станат ништо полесни за добивање во претстојната година, дури зборуваат за мега-пакет која треба да му трае на Киев до ноември 2024.

Нивните шанси за успех, во влошената политичка состојба, не се сигурни. Последиците од неуспехот, во Украина и низ светот, можат многу лесно да бидат предвидени.

Хал Брендс,
Блумберг

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Книгата раскази „Делфинот“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски јазик

Следно

Лајчак во Будва: За целиот регион на Западен Балкан е важна нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop