Николовски: Изготвен нов Царински закон

June 16, 2025
1 min read

„Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи на сила до крајот на оваа година. Суштината на Законот е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање на целосно дигитално царинско работење, целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ, на чија имплементација веќе работиме, како и обезбедување на поголема сигурност на стоките“. Ова го истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на настан во организација на Стопанска комора на Македонија на којшто беше промовирана новата дигитална платформа за микро, мали и средни компании.

Николовски потенцира дека редовниот дијалог е клучен за унапредување на процесите и подобрување на бизнис климата во државата со што сите чинители придонесуваат  кон економска стабилност на државата и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

„Во изминатиот период покажавме единство – покажавме дека кога заеднички делуваме како тим, резултатите се повеќе од видливи. Она што ни треба и сме фокусирани на истото, е олеснување на трговијата преку  поедноставување и олеснување на царинските процедури, дигитализација на секој сегмент на царинското работење, подобра поврзаност, како и поголема транспарентност. Во овој период, интензивно работиме на имплементација на нов Национален едношалтерски систем, што треба да овозможи електронско поднесување на барањата за издавање лиценци и дозволи на едно место со еднократно внесување на податоци, колективно користење на податоците и унапредување на анализата на ризик на сите институции вклучени во прекуграничната трговија, целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки“, нагласи тој.

Николовски воедно потенцира дека со усвојување на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа ќе се изврши намалување на царинските стапки за 67 производи коишто како суровини или репроматеријали се користат во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа оди кон пократок работен ден; Македонија засега останува „во полна смена“

Следно

Билансот на убиени во Газа надмина 55.400, во израелските напади животот го загубија уште 68 Палестинци

Latest from Blog

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop