НИКОЛОСКИ: „Со Грција имаме потенцијал да изградиме најцврсто економско сојузништво во регионот“

September 25, 2025
1 min read

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Атина оствари средби со високи претставници на грчката Влада, при што во фокусот беа економската соработка, регионалното поврзување и големите инфраструктурни проекти.

На средбите со вицепремиерот Костис Хаѕидакис, министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, алтернативниот министер за железнички сообраќај Константинос Киранакис и со раководството на пристаништето Пиреа, Николоски нагласи дека Македонија и Грција имаат историска шанса да изградат блиска економска соработка.

„Ако дадеме еден политички импулс, верувам дека можеме да станеме најдобри економски партнери во регионот“, истакна Николоски за МИА.

Меѓу проектите во преден план е изградбата на брза пруга која од Атина преку Скопје ќе води до Белград, Будимпешта и Виена, со што приходите на македонските железници би се зголемиле десеткратно, а транспортот на стоки од грчките пристаништа до Централна Европа би станал значително побрз.

Дополнително, со реализација на Коридорот 10-Д, патувањето од Скопје до Атина би се скратило од сегашни осум на околу пет часа.

Николоски најави дека двете страни веќе следната година ќе започнат со изградба на железничката врска, а истовремено се работи и на енергетско поврзување преку гасниот интерконектор и нафтоводот.

„Добрата економска соработка е и силен поттик за подобри политички односи. Македонија и Грција имаат бројни можности за заеднички развој“, порача Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дариус Конџи – легендата на кинематографијата со „Златна камера 300“

Следно

Орбан разговараше со Трамп за енергетската безбедност

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop