Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз

April 2, 2025
1 min read

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет.

Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.

Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линија ќе ја оперира од денеска- 2 април па се до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање.

„Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација  за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стартегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации“, истакна вицепремиерот Николоски.

Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.

Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел.

Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии.

Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРОТ ВАЛ КИЛМЕР

Следно

Речиси 2.900 загинати во земјотресите во Мјанмар, 72 се водат како исчезнати во Тајланд

Latest from Blog

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop