Николоски: Од Охрид ќе може да се лета насекаде кон светот- започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром

November 1, 2024
1 min read

Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николски во интервју за ТВМ.

Тој потенцираше дека ова е успешен јавен повик бидејќи на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвора можности за развој на туризмот.

“Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега се поврзуваме со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродорми со најмногу конектинг летови. Потоа го имаме Охрид до Базел Милхаус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија кој па отвора многу можности за нашата дијаспора и голем број туристи од тие земји “- истакна министерот Николоски.

Тој во интервјуто потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.

Најави дека овој месец ќе се распише нов јавен повик каде се очекува да се воспостават нови авиолинии од Охрид, а за следната година да се започне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Тринаесет лица загинаа во Нови Сад, три лица во болница

Следно

Гаши: Студентите да бидат поагилни, погласни, покритични

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop