Николоски најави старт на стратешкиот автопат кон Косово: Ќе се градат тунели, мостови и галерии

June 13, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски најави почеток на изградбата на новиот автопат Скопје – Блаце, проект кој се смета за една од најважните патни инвестиции за поврзување на Македонија со Косово и регионот.

На работна средба со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу, се разговарало за реализацијата на проектот и за следните чекори во изградбата на современата автопатска делница.

Според Николоски, изведувач на автопатот ќе биде конзорциум предводен од македонската градежна компанија „Гранит“, што претставува значаен момент за домашната градежна индустрија.

„После подолг временски период, една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат“, истакна Николоски.

Автопатот Скопје – Блаце е дел од стратешкиот патен коридор кој ја поврзува Македонија со Косово и понатаму со Црна Гора. Со неговата изградба се очекува значително подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрз проток на луѓе и стоки меѓу државите.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека новата делница ќе придонесе за подобра регионална поврзаност, развој на трговската размена и привлекување нови инвестиции, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата позиција како важна транзитна точка на Балканот.

Проектот предвидува изградба на комплексна инфраструктура со вкупно 40 објекти на терен. Во рамки на трасата ќе бидат изградени пет тунели, две галерии и 12 мостови, како и повеќе помали инфраструктурни содржини неопходни за безбедно и современо одвивање на сообраќајот. Станува збор за еден од најсложените патни проекти во земјава, кој треба да обезбеди модерна и брза патна врска меѓу Скопје и граничниот премин Блаце.

Николоски оцени дека реализацијата на проектот ќе донесе долгорочни придобивки за економијата, транспортот и регионалната интеграција, а воедно ќе отвори можности за нови инвестиции и развој на стопанството.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Домашна компанија ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

Следно

Аларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на Шведска

Latest from Blog

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот
Go toTop