Screenshot

Николоски: Македонија во градежна офанзива – двоцифрен раст во 2025 година

March 6, 2026
1 min read

Силниот раст на градежништвото од 14,6 % во четвртиот квартал и 21 % раст во третиот квартал од 2025 година даваат силен сигнал за стопанството, сигурност и поттик за идни инвестиции што ќе донесат ситуација во која БДП уште ќе расте, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата “Раст на економијата- економска сигурност на граѓаните”

Тој вели дека за овој континуиран раст на градежништвото има три клучни фактори, инвестициите на државата во крупните капитални проекти, инвестициите во општините и инвестициите кои ги реализира приватниот сектор.

“Првиот фактор е приватниот сектор кој се охрабри да инвестира, заедно со поволните каматни стапки кои што ги добија преку линијата кредити обезбедена во соработка со Унгарија. Второт фактор е задвижувањето на општините, кои што со дотации од Владата но и со сопствени средства влегоа во голем број инфраструктурни проекти, што многу значат за развојот на локалната економија, но исто така и за развојот на малите и средни претпријатија. И третиот фактор се големите крупни инфраструктурни проекти”- потенцираше вицепремиерот Николоски и додаде:

“Се работат неколку крупни инфраструктурни проекти. Прво е изградбата на автопатиштата, каде што паралелно се гради автопатот од Охрид до Кичево, проект кој што беше заборавен и не постоеше пред изборот на оваа Влада. Во втората половина од 2024 година ги правевме припремите, 2025 цела година се работеше и веќе се изградени 37км, се возат 34 км, останува да се изградат уште 21 километри оваа година. Понатаму, работата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар -Букојчани и автопатот Прилеп Битола. Трите беа започнати од оваа Влада без разлика што беше потпишан договорот во  2023 година. Имаме околу 50 % прогрес во пробивање на трасата во трите автопати, Веќе се гради првата линија од Градскиот воз кој оди од Зелениково до центарот на Скопје. Некој ќе рече не е голема инвестиција, но вредноста е 6 милиони евра. Со тоа што развиваме сектор во градежништвото кој бил заборавен преку 30 години, ќе поттикнеме многу пртпријатија да инвестираат. Третиот сегмент се крупните локални инфраструктурни проекти, на пример заедно со Министерството за земјоделие за скоро време ќе отвориме едно вештачко езеро во Гевгелија, првото вештачко езеро после подолг временски период кое што ќе служи за наводнување, а подоцна и потенцијално за производство за електричната енергија. И второто кое што се гради кај Штип, браната на Отиња, која што има одличен прогрес и кое што треба да биде од рекреативен карактер.  Очекувам следна година да биде готово и да се полни со вода”- рече вицепремиерот Николоски.

Тој истака дека сите овие капитални проекти придонесуваат за сериозни двоцифрени бројки на раст на градежништвото и како што додаде очекува  стапките на раст да продолжат и во текот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жените во енергетиката не се исклучок – тие се иднината

Следно

Altron Ismani zgjidhet kryetar i nëndegës së BDI-së në Drenovec

Latest from Blog

Битолски водовод со демант: Улицата Индустриска не е оставена во хаос

ЈКП „Водовод“ – Битола јавно демантира неточни информации објавени во одредени политички статуси во врска со состојбата на улицата Индустриска во населбата Боримечка. Од претпријатието информираат дека чистењето на улиците се врши

Германскиот министер за надворешни работи го повика Иран да запре со напади врз трети земји

Вадефул најави и дополнителна хуманитарна помош од речиси 100 милиони евра и нагласи дека државите мора да спречат раселувањето на населението на Блискиот Исток да се претвори во „нов бран бегалци“. –

,,Прифати ли некој непристоен предлог од Грците?‘‘

Документите на ЦИА за финансиска понуда за првиот претседател на Република Македонија за промена на името ја покажуваат стратегијата и конзистентноста на грчката политика кога се работи за нејзини стратешки интереси. Тогаш

70% од граѓаните во Македонија користат телефон пред спиење, повеќе од 40% имале проблеми со спиењето

Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63
Go toTop