Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

November 18, 2024
1 min read

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.

“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар, што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓувладина седница Косово-Македонија: Потпишан протокол за граници, меморандуми за енергетика и образование

Следно

Во ракетен напад од Либан врз Северен Израел загина жена, 10 лица се повредени

Latest from Blog

Општина Битола: Електронско јавно наддавање за закуп на општински простор на Широк Сокак

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола.  Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop