Николоски: Двата актуелни опратора да го почитуваат законот, од нив ќе зависи дали ќе има трет оператор

October 3, 2024
1 min read

Пред да одиме кон порадикални мерки, јавно ги повикувам двата оператора кои не ги намалуваат цените, ниту ги подобруваат услугите, да го почитуваат законот и да направат договори за да им плаќаат надомест на националните телевизии кои ги емитуваат преку кабелските телевизии, рече денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакна Николоски на прес-конференција во Владата, никој не сака да види лоши сценарија, но секое трпение има крај.

Министерот нагласи и дека ако двата оператора почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, простор за трет оператор ќе нема.

-Јас од првиот ден стојам зад тоа дека двата актуелни мобилни оператори, а и кабелски доминантни оператори мора да го почитуваат Законот. Во овој момент, според мене, законот не се почитува. И она што можам да го направам и што го правам во моментов е да ги повикам да го почитуваат Законот и се надевам дека тоа ќе го направиме во добра волја со цел да има најдобра можна соработка со националните телевизии. Мислам дека лоши сценарија никој не би сакал да види каде што би оделе со казни или каде што би оделе со принудување,…, но секое трпение има крај и мислам дека во следните недели мора да се заврши – или ќе го почитуваат закони или, како и за сите други, ќе бидат преземени мерки, потенцира министерот.

Според него, Владата не планира да прави непринципиелни договори со двата оператора, ниту планира да им попушта како што попуштале претходни влади.

-Ние бараме да се почитува законот. Дополнително, уште еднаш апелирам, многу се зборува за трет мобилен оператор. Дали ќе има или ќе нема трет оператор зависи исклучиво од постојните два мобилни оператора. Доколку почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, мислам дека простор за трет оператор нема. Доколку продолжат да се однесуваат дуополски, да ги креваат цените, а да ги влошуваат услугите, има огромен простор за трет мобилен оператор. Така што, одлуката е нивна, а ние ќе правиме така како што ќе диктира времето. Наша цел е граѓаните, претпријатијата и институциите да добијат поевтини услуги – да добијат за поевитна цена подобри услуги. Тоа е тоа што ние го очекуваме, нагласи Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Муртезани на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Земјата останува цврсто на стратешката опредлеба за членство во Унијата

Следно

Љубител на кактуси од Измир има колекција од околу 300 кактуси во својот дом

Latest from Blog

Практичната настава во „Булмак 2016“ создава идни инженери и рудари од Македонија, Хрватска и Норвешка

Над триесетина средношколци и десетина студенти годишно посетуваат пракса во „Булмак 2016“ во Пробиштип. Компанијата, која управува со двата поголеми рудници за оловно-цинкова руда Злетово и Тораница, има потпишано договори со средните

Општина Битола: „Песни од срцата“ – музичка вечер со Ана и Игор Дурловски

Културниот информативен центар (КИЦ) Битола ја заокружува летната културна сезона со концертот „Песни од срцата“, кој ќе се одржи утре, среда, со почеток во 20.00 часот, на големото плато пред Офицерски дом.

Се враќа СЛУЖЕЊЕТО ВОЈСКА! Пет категории ослободени, а еве кој мора

Началникот на генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ, неодамна потврди дека српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена. „Започнавме со набавка

Ѓорѓиевски: Пироманите фатени на дело (ВИДЕО)

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, повика на итна акција од МВР и ЈО поради серијата намерни пожари во Скопје. „Ова веќе е премногу! Пироманите се фатени на дело, а институциите мора
Go toTop