Муртезани на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Земјата останува цврсто на стратешката опредлеба за членство во Унијата

October 3, 2024
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес оствари средба со новименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер; на која беа разгледани бројни аспекти на билатералната соработка, со акцент на развојните проекти, европските интеграции и инструментите за поддршка на реформските процеси.

Министерот Муртезани потврди дека земјата останува цврсто на стратешката опредлеба за членство во Унијата и спорведување на сите неопходни реформи особено во областите на владеење на правото, реформите на правосудниот сектор, борбата против корупцијата и организираниот криминал итн., особенo ако се има предвид фактот дека согласно новата методолгија за пристапни преговори напредокот во овие реформи ќе ја диктира динамиката на целиот преговорачки процес,

На средбата беше потврдена силната поддршка од Франција за евроинтегративните напори на Северна Македонија, особено преку програмите за билатерална соработка и развојни проекти. Министерот Муртезани посочи дека Француската агенција за развој (AFD), веќе присутна во земјата, игра клучна улога во поддршката на приоритетни инвестиции, особено во склоп нa Инвестициската рамка и Планот за раст на ЕК за Западен Балкан, кој го отвора патот за нови инфраструктурни и енергетски проекти.

Двете страни изразија надеж за продлабочување на билатералната развојна соработка по потпишувањето и ратификувањето на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Француската Република за основање на Француската развојна агенција, PROPARKO и Expertise France во земјата. Оваа спогодба отвора нови можности за заеднички проекти и дополнителна техничка поддршка во рамките на националните развојни приоритети.

Во однос на програмите за техничка поддршка, Муртезани и Ле Риголер се согласија за продолжување на соработката преку ИПА инструментите, како што се TAIEX и TWINNING проектите. Во тој контекст, министерот Муртезани изрази благодарност за активната француска помош, како водечки партнер во неколку проекти поврзани со реформите на јавната администрација, зајакнувањето на демократијата и заштитата на основните права, како и развојот на образовни програми за возрасни. Тој оцени дека е особено значајно учеството на Франција во трите тековни TWINNING проекти во Северна Македонија, каде што ја демонстрира својата стручност и посветеност за успешно спроведување на реформите.

Муртезани и Ле Риголер разговараа и за вклучувањето на Северна Македонија како дел од географските приоритети на Франција во рамките на нејзината Евроазиска регионална стратегија 2020-2024, која се фокусира на приоритети како отпорност и урбана адаптација, поддршка на енергетската транзиција, како и создавање одржливи и инклузивни економски и политички модели.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извори за ЦивилМедиа: Промени во владата, Ковачки во Министерството за одбрана, Мисајловски во Њујорк

Следно

Николоски: Двата актуелни опратора да го почитуваат законот, од нив ќе зависи дали ќе има трет оператор

Latest from Blog

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот

Обединетите Арапски Емирати ДИСКРЕТНО ГРАДАТ ВОЕНА БАЗА ВО НЕПРИЗНАЕНА ДРЖАВА

Далеку од очите на јавноста, на работ на Бербера, градежните работи се во полн ек. Крајбрежниот град во самопрогласената Република Сомалиленд, најпознат по своето ново пристаниште, економскиот крвоток на територијата, има уште

Утре нов обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“
Go toTop