Никола Нешкоски десеттиот човек кој се искачил со велосипед на највисокиот вулкан на светот, за Курир открива какво е чувството и погледот од 6.893 метри надморска височина

January 29, 2024
1 min read

Во краткото интервју за Курир по искачувањето вели дека погледот од таму на 6.893 метри надморска височина е незаборавен и дека во истата секунда се заборава на целата мака при искачувањето на врвот.

Како дојде до идејата да се искачиш со велосипед на највисокиот вулкан на светот Ојос дел Саладо во Чиле?

Оваа идеја ми е присутна уште пред две години, кога истражував за високи планини  каде може да се вози велосипед. Дојдов до информација за највисокиот вулкан на светот – Охос дел Саладо, и дознав дека само неколку луѓе досега се искачиле со велоспед на оваа планина. Е тука работите станаа интересни. Контактирав дел од луѓето, разменивме информации и јасно беше дека следна цел е Чиле. Оваа идеја му ја споделив на човекот што беше со мене сега на оваа експедиција – Илија Деревјов, кој прифати без двоумење, впрочем со него одиме заедно на сите велосипедски експедиции на големи височини.

Опиши го патувањето до таму, дали само врвот го искачуваше со велосипед или тргна од Македонија?

Од Македонија тргнавме со авион. Таму искачувавме од почетна точка во близина на градот Копиапо, на околу 2.000 метри мнв. Од таму авантурата се селеше на четири различни планини, при што последната беше Охос Дел Саладо.

Колку време се подготвуваше и дали навистина треба посебна подготвеност за да се впуштиш во овој подвиг со оглед дека само девет луѓе во светот го направиле истото пред тебе?

Подготовки специјални би рекол дека немаше, со оглед на тоа дека со години наназад активнсотите кои ги правам се во насока на одење со велосиепд на тешки, долги тури, на големи височини. Мислам дека константноста е таа што е важна.

По искачување на овој врв дали паузираше или веднаш се впушти во нова авантура?

После овој врв веќе почнаа планови за нови авантури…Сепак имам работа, фамилија и пријатели на кои треба сега да им се посветам. Заслужија =)

Од каде љубовта кон велосипедизмот?

Адреналин, истражување на нови места, спорт, рекреација, дружење. Овие работи кога ќе се спојат, лесно се навлекува човек на две тркала и споствен погон.

Кое ти е најголемо достигнување и незаборавен момент што ти буди спомени и те мотивира да уживаш во овој спорт (хоби)?

Дефинититвно ова би го ставил како најголемо достигнување во полгед на високи планини. Незаборавен момент е секоја авантура – целиот тој пат, пот, смеа и мака. Додека краткорочен момент секогаш ми е – погледот од врвот.

Кој ти се идните планови?

Ќе бидеме во контакт идниот период =) Веќе има агенда за некои интересни авантури, но, да почекаме прво да се реализираат.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Се огласи Ѓорѓе Давид и ги реши сите шпекулации, еве каде се наоѓа во моментов

Следно

Како руски производител на борбени авиони продолжи да увезува делови од Западот и покрај санкциите?

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop