Никола Ѓурѓај за „Нова Македонија“: 29. Семинар на АГСМ е мост меѓу Македонците од целиот свет

June 20, 2026
1 min read

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ)

  • Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, разговараме за значењето на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ), како и за македонското национално малцинство во Албанија, улогата на друштвото во рамките на ФУЕН и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија денес

Во Тирана, од 4 до 7 јуни, се одржа 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ), организиран од Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Настанот се совпадна со јубилејот – 30 години постоење на АГСМ, додека за првпат во историјата на малцинствата во Албанија токму Македонците беа домаќини на ваква европска средба. Семинарот обедини претставници од 20 организации и 11 држави, создавајќи простор за размена на искуства, зајакнување на соработката и афирмација на културниот и јазичниот идентитет на македонското национално малцинство во Албанија. Заедно со симболичната вредност, настанот имаше и практично значење – европските институции и организации го насочија вниманието кон положбата на Македонците, особено во сферата на образованието на мајчин јазик, зачувувањето на културното наследство и рамноправното учество во општествениот живот. По повод овој значаен настан, разговараме со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, за значењето на 29. семинар на АГСМ за македонското национално малцинство во Албанија, улогата на друштвото во рамките на ФУЕН и предизвиците со кои Македонците во Албанија се соочуваат денес.

Целото интервју може да го прочитате на Нова Македонија

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Следно

Стејт департмент: Наредната рунда преговори меѓу Либан и Израел ќе се одржи во Вашингтон

Latest from Blog

Историски пад на старите предмети во Кривичен суд Скопје: Решени 463 случаи за една година

Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател

„Кремљ станува исклучително опасен“

Во интервју за „BNS“, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз критични инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги енергетските и транспортните мрежи, кои би можеле да се извршат со различни средства.

Општинскиот штаб за заштита и спасување Прилеп: Спречете пожар пред да биде предоцна

Општинскиот штаб за заштита и спасување од општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и

Тетово избира нови имиња за 60 улици

Тетово избира нови имиња на улици, списокот вклучува над 60 албански, македонски и меѓународни личности По 165 дена без состанок, Комисијата за именување на улици во Тетово вчера го одржа својот прв
Go toTop