Никој не ги третира кучињата скитници во Тетово – на секој 6 дена по еден граѓанин е нападнат

August 9, 2023
1 min read

реклама



Речиси 8 месеци никој не ги третира кучињата скитници во Тетово.

Само во текот на 2023 година во полиција биле пријавени 35 каснувања, покажуваат податоците на СВР-Тетово.

реклама

Големиот број на кучиња во градот го забележуваат и жителите и печалбарите, кои велат дека најмногу се загрозени децата.

„Немам точни информации дали нешто прават или не, но мора да имаат на совест дека нешто мора да направат“.

реклама

-Има ли многу кучиња на улица?

„Да, кучиња има, особено е интересно да се видат кучиња скитници во центарот, но има и во селата“.

реклама

„Навистина ги има многу, јас живеам во Хрватска, и влегуваш во Македонија само тоа ќе видиш. Навистина треба да преземат мерки, градоначалникот на Тетово, има деца…нешто, мене не ми се случило, но сум видел деца и инвалиди кои не можат да се движат“.

„Не дискутираме дека има повеќе кучиња отколку луѓе, во ризик се децата, но јас не. Треба да се преземат мерки, ќе ти се приближи некое, ќе се ужаснеш само што ќе го видиш, зошто не ги соберат да ги убијат…“

Во август минатата година, општина Тетово отвори тендер за третирање на 80 кучиња скитници, кој веќе е завршен. Ја прашавме општината кога ќе се отвори тендерот за третирање на кучињата скитници, до каде се работите за изградба на прифатилиштето и колку граѓани досега се пријавиле во општината за обесштетување како последица на каснување од кучиња скитници, но од таму не добивме никаков одговор. Инаку, во мај годинава градоначалникот Биљал Касами вети дека за не повеќе од три месеци општина Тетово ќе изгради прифатилиште. Иако минатата година општина Тетово во буџетот за 2023 година имаше предвидено три милиони денари за третирање на кучињата скитници, засега тоа не се случува.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ СИКСТО РОДРИГЕЗ, ЅВЕЗДА НА ОСКАРОВЕЦОТ „БАРАЈЌИ ГО ШУГАРМЕН“

Следно

(ФОТО) Атина под полициска блокада, сè уште трае потрагата по убиецот на грчкиот навивач

Latest from Blog

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар
Go toTop