“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

July 2, 2025
1 min read

Во Грција во летниот период е активно здружението на граѓани MyCoast , кои се залагаат и се борат за остварување на правото на слободен пристап до морскиот брег. Здружението е посветено на спречување на нелегалното присвојување на морскиот брег од страна на бизнисмени кои вербално или дури и со сила не им дозволуваат на граѓаните слободно да престојуваат на плажите.

Незадоволните граѓаните кои се спречени слободно да ги постават пешкирите на јавните плажи можат да ги пријавуваат неправилностите на плажите преку мобилна апликација. Во остварувањето на правото за слободен пристап на плажите во Грција се користи и вештачката интелигенција со која се анализираат сателитски снимки и се идентификуваат „нелегални предмети“ како што се лежалки и огради. Надлежните служби потоа вршат инспекциски контроли и изрекуваат казни, кои можат да достигнат до 60.000 евра. Минатата година во некои случаи, беа изречени казни до 220.000 евра.

Грчкото движење „Пешкири за плажа“ кое првично започна на Родос сега ја опфаќа цела Грција и покажува дека морето е достапно за сите, без разлика на висината на личниот буџет. Дека одморот во некои од грчките одморалишта може да чини скапо покажуваат и високите цени за изнајмување на лежалки кои достигнуваат до 235 евра на некои од атрактивните плажи и места на Атика.

Апликацијата MyCoast стана клучна алатка во борбата против нелегалното зафаќање на јавниот простор.

На плажите во Вулијагмени резервацијата на сет лежалки за време на викендите чини до 235 евра, додека во текот на работните денови цената паѓа на 175 евра. Во Кавурија, резервацијата на сопствен „урбан“ простор за сончање за викендите чини 180 евра, додека обичните лежалки чинат 130 евра.

Во Суни, комплет лежалки ја задржа истата цена како и минатата година, односно 80 евра за време на викендите и 50 евра за време на работните денови, додека во Лагониси највисока цена е за време на викендите, каде што резервацијата на лежалка во првиот ред чини 100 евра, а за време на работните денови чини 30 евра.

Во Воули, резервацијата на лежалка чини 80 евра за време на викендите и 50 евра за време на работните денови. Цените драстично се намалија во Варкизи, каде што лежалка во првиот и вториот ред чини 40 евра за време на викендите и 30 евра за време на работните денови.

На Халкидики (Касандра), на пример, до 11 јули може да се резервира чадор за сонце или лежалка (две лежалки плус табуретка) за 15 евра, додека од 12 јули цената за нив се зголемува на 25 евра. На Скопелос, на плажата Стафилос, резервацијата на чадор со 2 лежалки чини 30 евра, пренесува Блиц.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Следно

СДСМ: Очекувавме од еврокомесарката Кос да биде повнимателна во изјавите за идентитетски прашања

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop