Никогаш досадно на ЕП, сега во главна улога фановите на Австрија

June 23, 2024
1 min read

Европското првенство во Германија покрај случувањата на теренот, досега беше одбележано и со „балканското шоу“ на трибините, при што сите земји учеснички не се прославија преку своите навивачи и заработија солидни казни од УЕФА.

За да не биде „досадно“ на ЕП, сега австриските навивачи предизвикаа контроверзи со транспарент кој успеале да го внесат на дуелот со Полска и гордо да го покажуваат пред присутниот аудиториум на стадионот во Берлин.

– Брани ја Европа, е слоганот кој стоел на транспарентот, кој во суштина е слоган на ултрадесни и националистички движења во Европа, а се однесува на промена во мигрантската политика на земјите во ЕУ. Австриската фудбалска федерација е длабоко загрижена поради фактот што навивачите успеале да внесат ваков транспарент и покрај строгите контроли. Федерацијата и репрезентацијата отсекогаш се залагале за толеранција, диверзитет и интеграција на сите членови во општеството, – стои во соопштението на федерацијата.

Засега е нејасно дали Австријците ќе бидат казнети од УЕФА, но јасно е дека транспарентот предизвика многу реакции низ Европа и дека инцидентот нема да остане незабележан и од дисциплинците на Европската фудбалска федерација.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗБОРОТ ЛЕЧИ И ПОМАГА УШТЕ ОД ПРАВРЕМЕТО, ВЕЛИ АНА-МАРИЈА БРАНЃОЛИЦА ЗА КНИГАТА ЗА БАЈАЧКИТЕ ОБРЕДИ ВО МАКЕДОНСКAТА КУЛТУРА

Следно

Битиќи: Еден кандидат за лидер не верува во социјалдемократските вредности

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop