„Ние сме светлина, тие се темнина“, порачаа демонстрантите од пред полициската станица во Белград

July 8, 2023
1 min read

Од Народното собрание до полициската станица во Блеград маршираа денеска демонстрантите на десеттиот протест „Србија против насилството“. Намерата на организаторите е да им дадат поддршка на инспекторите и сите чесни полицајци кои ловат државни функционери, пренесува Нова.рс. Посебна поддршка демонстрантите изразија кон двајцата инспектори кои го откриле случајот „Јовањица“.

Протести „Србија против насилство“
Фото: Нова.рс

Протести вечерва се одржаа и во Краљево, Крагуевац и Нови Пазар.

Протести „Србија против насилството“
Фото: Нова.рс

Протестите под слоганот „Србија против насилството“ започнаа во мај по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево.

Барањата на демонстрантите се фокусираат на смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатените медиуми и таблоиди кои шират пропаганда и го прекршуваат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои промовираат насилство, а се бара и оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин.

Протестите се поддржани и од опозициските партии.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар во воден парк во Словенија, се евакуираат посетителите

Следно

Англија е шампион на Европа за фудбалери до 21 година

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop