Незири има сомнежи за албанската опозиција – „Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се вмешани, Зендели со противодговор“

November 14, 2023
1 min read

реклама


ДУИ ја напаѓаат од сите страни, потврди синоќа од Чаир потпретседателот на Интегративците  Бујар Османи. Според него, различни добро координирани кругови сметаат дека ДУИ и Албанците се злото на оваа држава.

„Слушате неодамна, се направи голем заговор против ДУИ. ДУИ е злото на државата, ДУИ е злото на ова општество. Го слушате од повеќе извори кои се јасно добро координирани. Сакам да ви кажам нешто, зборот ДУИ во овој случај е само еуфемизам, тоа е само политичка коректност. Кога велат ДУИ е злото на оваа држава, мислат дека Албанците се злото на оваа држава“, вели Али Ахмети.

реклама

Набргу по овој собир на ДУИ, првиот човек на огранокот на Чаир, Беким Незири, од емисијата Клик Плус, фрли сомнеж дека ВМРО и Левица се замешани во некои албански партии.

„Различни партии, или одредени политички партии, ВМРО и Левица, но не мислам дека се само ВМРО и Левица, мислам дека се замешани и во албанските политички субјекти“, порача Беким Незири.

реклама

На ваквите ставови реагираше пратеникот од Движењето Беса, Фадиљ Зендели, дел од коалицијата Европски сојуз за промени. Според Зендели, опозициската коалиција има за цел само да направи промени на политичката сцена, а тоа според него ги преплаши функционерите на ДУИ.

„Кога разговараме со функционери на ДУИ кои се спремни да соработуваат со ѓаволот, да коалицираат за некаква афера, за некаков финансиски владин бенефит, не вреди многу да се разговара. Оваа коалиција како основа и јасна цел ја има промената на власта, особено во албанскиот дел. Оваа коалиција покажува дека има целосни сеопфатни политички капацитети, дека има капацитет да направи разлика на политичката сцена и тоа е она што ги преплаши функционерите на ДУИ и даваат скандалозни и неаргументирани изјави“, вели Фадиљ Зендели.

реклама

Инаку, и вчера имаше обвинувања од албанската опозиција кон ДУИ дека единствена цел им е како да опстанат на политичката сцена, со враќање на експремиер кој е во бегство, Никола Груевски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравствените власти во Газа го негираат контактот со Израел за евакуација на бебињата од болницата Ал-Шифа

Следно

Договорен пристап до 200 милиони евра од Програмата за претпазливост и ликвидност на ММФ

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop